(ВИДЕО) Стоилковски: Време е Димитров повторно да си ја испрати напишаната оставка која ја повлече лани

Од:

„Министерството за надворешни работи под министерот Никола Димитров тоне во хаос и во самоволие, предизвикувајќи срам за државата во и вон нејзините граници. Македонија повторно остана без почеток на преговори, а одговорен за оваа срамна состојба е и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, човекот кој што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија, а сега се гордее со Република Северна Македонија! Човекот кој што лани со премиер и со двајца вицепремиери се сликаше со палец нагоре лажејќи дека Македонија добила датум за почеток за преговори за членство во ЕУ!

Само со Никола Димитров како дел од кланот на власт, Македонија испраќа 10 амбасадори за кои што ги сокри нивните биографии и тези за тоа како ќе ја претставуваат државата во Германија, Унгарија, Шпанија и други држави“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Никола Димитров мора да одговори зошто биографиите и тезите со кои 10 дипломати од кариера заминаа во странство и веќе ја претставуваат Република Македонија пред меѓународната заедница останаа тајна? Никогаш до сега амбасадорските тези на собраниска комисија не биле целосно класифицирани како доверливи.

Станува збор за тези на амбасадори кои заминаа во Германија, Унгарија, Шпанија, Украина, Шведска, Австрија, Обединетите Арапски Емирати, Словенија и во Босна и Херцеговина. Притоа беше изземен и претседателот на собраниската комисија Антонијо Милошоски.

Никола Димитров треба да објасни и дали и зошто при враќањето на Амбасадорите назад во Македонија ги уназадува со звањата, дури и на најниско ниво како началник на одделение, за сите освен на советникот на Стево Пендаровски, второто лице на Зоран Заев, Гоце Карајанов кому му е доделено највисоко административно звање?

Оттука, Димитров мора да одговори дали со новата систематизација која почнува за десетина дена ќе се деградираат и преместуваат политички неистомисленици на министерот Димитров?

Македонија изостана од европската агенда за проширување и одговорност мора да има, а најголема одговорност има македонската дипломатијата под министерот Никола Димитров.

Време е Димитров повторно да си ја испрати напишаната оставка која ја повлече лани, и да одговори за лажење на јавноста дека станувало збор за фалсификат, за што ниту имаше истрага ниту некој одговараше!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање