(ВИДЕО) Стоилковски: Владата не се гледа ни физички, а ни по дела, смогот го голта Скопје, а власта не прави ништо

Од:

Владата не се гледа ни физички, а ни по дела, смогот го голта Скопје, а власта не прави ништо. Нивото на канцерогените ПМ10 честички во раните утрински часови во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, Кавадарци и Куманово е и до 15 пати над дозволеното, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Болниците се полнат, сообраќајки се случуваат заради намалената видливост, а Заев и Шилегов со прст не мрдаат.

Загаденоста е директна последица на Зоран Заев, кој и овозможи на бизнис олигархијата блиска до врвот на СДСМ да гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил кои никаде во Европа не се горат и се носат тука во Македонија.

Граѓаните се трујат. Труе власта. Состојбата е алармантна и потребни се итни мерки.

Со цел превентивна заштита на граѓаните потребна е итна имплементација на следните три мерки:

1. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух во Скопје не се нормализира;

2. Инспекциски надзор и затворање на погоните кои што загадуваат;

3. Ослободување од работа на луѓе над 60 годишна возраст, хронично болни и трудници.

Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов треба да ги прифатат и да стапат на сила уште веднаш. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до овдека. Потребно е итно делување.“, наведе Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ