(ВИДЕО) Стоилковски: Скандалот „Шпанско Село 2“ се уште без одговори

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес конференцијата соопшти дека случајот „Шпанско Село 2“ во режија на министерот Филипче се уште останува без одговори.

„Иако министерството за здравство наместо министерот тврдеше дека се работи за лага, сега ниту министерството, а ниту пак министерот немаат одговор како тоа семејството на министерот Филипче односно најблиското семејство на неговата сопруга има заеднички имот и инвестиции со човек чија што фирма од министерството за здравство и сите институции под ова министерство има добиено тендери вредни над седум милиони евра!“, рече портпаролот.

Тој го обвини министерот за здравство дека не одговара, поради тоа што министерството со кое тој раководи лажно тврди дека имотот во сосопствеништво и во партнерски однос меѓу семејството на сопругата и добитникот на тендерите од здравството, е земјоделско а не градежно земјиште. Уште повеќе што тврди дека СЕ ГРАДИ, значи е градежно земјиште. Згора на се семејството и добитникот на тендерите заедно финансирале во изработката на урбанистички план за објекти за времено сместување.

„Филипче не одговара зошто премолчи дека негов соработник и близок колега, директор на клиника, има ист таков партнерски однос со добитникот на тендерите во здравството, и притоа е потписник на половина од парите добиени на тие тендери. Филипче не одговара ниту за тоа како е можно, неговото семејство, односно најблиското семејство на сопругата да има заеднички имот и со добитникот на тендерите и со нему близок соработник, директор на клиника кој што исто така е потписник на дел од тендерите. Откако Венко Филипче е министер за здравство, компанијата на сосопственикот на плацевите од „Шпанско Село 2“ со поширокото семејство на Венко Филипче, како и со соработник на Венко Филипче, има добиено тендери тешки 426,388,279 денари од тендери. Или, 6,933,143 евра“, истакна Стоилковски.

Исто така, од говорницата, Стоилковски го посочи и Директорот на Трауматологија, Илир Хасани кој според него, тој е сосопственик на плацеви со семејството на Филипче како и со добитникот на тендерите кои заедно во инвестициите во „Шпанско Село 2“ одлеале 479,776,616 денари или 7,801,246 евра преку тендери.

И уште еднаш ќе го повторам прашањето: Дали можеби има уште некој друг близок на Венко Филипче со имот во непосредна близина на „Шпанско село 2“, во Нерези, Скопско Нерези на падините на планината Водно? Македонија секојдневно тоне со индексите за корупција на сите релевантни мерења, режимот е хибриден и се поблиску до авторитарен. Институциите мора да реагираат за сите скандали во здравството за време на министерскиот мандат на Венко Филипче.
Филипче мора да одговори за скандалот „Шпанско село 2!“, додаде Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје