(ВИДЕО) Стоилковски: Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо за случајот со Курто Дудуш?

Од:

„Градоначалникот пулен на Заев кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин во својот кабинет, го штити Заев кој што молчи за целиот скандал, но и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за целиот случај наместо пријава го завериле како поплака.

Пет дена поминаа, а во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудио снимката во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Патем во Јавното обвинителство два дена се уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, кој знае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува.

Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо? Толку ли е голем притисокот на власта овој случај да се забошоти па мораат во обвинителство вака да се однесуваат? Тоа што Заев го заштитува, одобрува и поттикнува беззаконието веќе е јасно. Но пред некој дена јасно е дека структурите на МВР го штителе ова насилство, ама сега гледаме дека и обвинителството молчи и се прави недоветно и со тоа се претвора во соучесник на оваа политичко-институционална насилничка банда која што измачува граѓани.

На обвинителството треба да им биде јасно дека Курто Дудуш, СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев прават се овој скандалозен случај да не добие разрешница и доколку се утврди вина и соодветно да се санкционира.

Докази постојат и само слеп политички послушник не може да ги види и да ги процесуира.

Тоа што нема ова заробено Рускоска обвинителство да го процесуира, ќе го процесуира обвинителство кое ќе биде ослободено од стегите на Заев и власта во заминување. Граѓаните гледаат дека овој криминално насилнички картел е во распад и следи период кога што ќе има одговорност за сите од власта на Заев кои го тероризираа, пљачкаа и осиромашуваа овој народ, но и за сите оние кои тоа го штитеа“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски