(ВИДЕО) Стоилковски: Улици и патишта е четврта институција што изгоре, дали се горат материјали за да се штити криминал?

Од:

„Пожарот во бараките на ЈП Улици и Патишта кој ја опустоши документацијата и целокупната архива за работењето на ова претпријатие е четврт пожар по ред во државна институција. Уште е нејасно што се изгорело, кога и како настанал пожарот и која е причината за тоа“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали станува збор за намерно подметнување на пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку да каков криминал се штити?

Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда.

Во сите 4 институции запалени меѓудругото се и документи од институциите.

СДСМ мора да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација за можен криминал во работењето на овие институции?

Дали и за ова ќе биде виновен некој продолжен кабел?

Повикуваме ОЈО и надлежните институции детално да истражат случајот, да се ослободат од притисокот на власта и да работат исклучиво по слово на законот. Одговорност мора да има“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ