(ВИДЕО) Стоилковски: Трите принципи на ВМРО-ДПМНЕ се прифатени од Правда

Од:

„Министерството за правда вчера по неколку денови соопшти дека ги прифаќа трите принципи од ВМРО-ДПМНЕ кои што беа поставени како основа врз која што ќе се разговара во креирањето на текстот на законот за јавно обвинителство.

Добро е што министерството вчера призна дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо, непартиско, отчетно и храбро Јавно обвинителство кое би работело во заштита на граѓаните врз база на почитување на човековите права, и дека укажувањата од ВМРО-ДПМНЕ е токму во таа насока.

Со прифаќањето на трите принципи поставени од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Рената Тренеска Дескоска признаа дека не се работи за злоупотреби од страна на опозицијата, туку напротив, за нивна злоупотреба од позиција на моќ кон носење на закон кој што не доликува на европска држава и закон врз кој што би се градело обвинителство во служба на извршната власт“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој закон мора да биде донесен со консензус со опозицијата и за него е невозможна трговија ниту пак откажување од било кој од трите наведени принципи.

Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од имплементирање на 11 меѓународни акти од ОН, од препораки од Европскиот Совет на министри, од препораки од Венецијанската комисија. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од одговори за непочитување на обвинителството, ниту од непостапување на обвинителството, ниту од формирање на тело на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од барањата за политичка независност на обвинителството, ниту од избор на Јавниот обвинител по предлог на опозицијата, барање да потсетам кое што до вчера и СДСМ го поставуваше како опозиција, како решение кое ќе ја ефектуира независноста и неутралноста на Јавното Обвинителство од извршната власт.

Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат и игнорираат аргументирани предлози кои ќе овозможат борба со коруптивните и криминогените дејствија на власта, не бегаат од фактот дека треба да има одговорност и почитување на човековите права, а не јавните обвинители да штитат министри и премиери и да спроведуваат чистки со политичка нарачка на власта. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од Анкетна комисија која што ќе ги испита сите афери во рамките на СЈО и начинот на кој што актуелниот состав истроши десетици милиони евра, ниту пак од формирање на тело- на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права.

И секако, добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од истраги со кои ќе се решат прашањата кои што и ден денес ја мачат Република Македонија, безбројните афери за криминалните приватизации, за оставањето на улица на над 300.000 работници, за сите бонбона бизниси и испитување на стекнувањето богатства на низа транзициски политичари денес повторнозбиени во власта.

Министерството за правда преку соопштение ја призна грешката, останува во следните денови власта и во разговорите да ја ефектуира декларативната заложба за вистинско долготрајно законско решение за Јавното обвинителство во Република Македонија“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање