(ВИДЕО) Стоилковски: Тендерот за РЕК „Битола“ е распишан под сомнителни околности

Од:

Премиерот Зоран Заев и СДСМ пред три години го поништија огласот за набавка на механизација и опрема за РЕК „Битола“, распишан од претседателот Христијан Мицкоски како тогашен директор на ЕЛЕМ. Инвестиција што ќе заштедеше пари и ќе ја направеше РЕК „Битола“ независна од надворешни изведувачи. Ова го изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, Зоран Заев го поништил огласот за набавка на опрема и механизација за РЕК „Битола“ за да може да распишува милионски тендери за ископ и транспорт на руда.

„И додека граѓаните јадат сол и леб, фирмите на Заев и нивните олигарси работеа во РЕК ‘Битола’ за милиони евра. Наместо да заштеди пари, РЕК ‘Битола’ изминативе три години потроши 40-ина милиони евра за плаќање надворешни изведувачи. За сега, кога го исцедија буџетот на претпријатието, да распишуваат оглас, овој пат под сомнителни околности. Критериум за избор која фирма ќе го добие тендерот за набавка на опрема нема да биде најниска цена, туку власта си остава простор да може да избере кој сака. Односно, фирмата што им е блиска“, рече Стоилковски.

Тој оцени дека пустошот во енергетскиот сектор е видлив и мора да запре.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски