(ВИДЕО) Стоилковски: Спасовски и Заев да кажат кои политичари стојат зад организираните групи од Грчец, Кондово и од Арачиново?

Од:

„Секоја држава има мафија, само Република Македонија се претвори во држава на мафијата! Што уште треба да се случи и каков ли извештај треба да излезе за Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев да понесат одговорност за своето однесување и намерно или ненамерно замижуваат пред цутењето на криминалот во државата, за кое што веќе и меѓународно се анализира дека има политичка поддршка?

Извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот криминал презентиран неодамна во Виена ги открива спрегите на организираниот криминал на Балканот, и недвосмислено пишува дека криминални групи во Македонија уживаат политичка заштита“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пишувајќи за жариштата се наведува дека главните криминални групи во Скопје се групите од Арачиново, Кондово и од Грчец и тие уживаат политичка заштита. Тие ги водат трговијата со дрога, кражбата на возила, шверцувањето мигранти, но имаат и легални бизниси кои овозможуваат транспорт за шверцот, и можност за перење на пари.

Според пренесено сведоштво на полициски службеник за делувањето на граничните премини пишува дека: Службениците на граничните премини се под контрола на партиски функционери, при што се овозможува шверц во замена за поддршка за владејачката партија

По полноќ, околу 3 часот, полициските и царинските службеници често добиваат наредби од нивните шефови да ги исклучат сите камери и да замижат на околу половина час, за што добиваат соодветна награда. Тогаш минуваат камионите на криминалните групи кои се во спрега со власта.

Оливер Спасовски и Зоран Заев мора да кажат кои се политичарите кои што стојат зад организираните групи од Грчец, Кондово и од Арачиново? Дали и кои други криминални структури уживаат политичка поддршка во замена за поддршка или лично богатење? Кој или кои се тие што наредуваат да се гасат камери и да се премижува на граничните премини додека се одвива нелегалниот транспорт? Дали ваквите дела се во врска со изјавата на Заев дека сопрел истрага за корупција за членови во владата? Дали делата се врзани со фотографиите на Заев со звучни имиња од подземјето?

Дали Спасовски и конечно ќе ги расчисти низата убиства, како она на Партизанска во Скопје, додека убиецот на Мартин Јанушев се уште е на слобода?

Зоран Заев и Оливер Спасовски ја претворија Македонија во ветена земја за криминалните структури. Цветаат криминалот, корупцијата, шверцот и трговија на нарко-пазарот, додека странски извештаи пишуваат дека за тоа има политичка поддршка! Во меѓувреме државата тоне и социјално и економски и во секој поглед! Заев, Спасовски, ова е срамно, заминете си, граѓаните не заслужуваат ваква криминогена власт!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски