(ВИДЕО) Стоилковски: Со партизацијата на општеството, власта ја втурна Македонија во најмрачниот период од осамостојувањето

Од:

Животот во Република Македонија секојдневно се зацрнува контролирано со „Мрежата“ од Црни тефтери на СДСМ. СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво строго според црните тефтери од локалните партиски клубови. Со Проектот за партизација од хигиеничар до министер, а според правилото членската на СДСМ да биде замена за сите лични документи, како што и самите посочуваа пред изборите, достапност до работно место во администрацијата нема за млади и успешни, нема за дипломирани високообразувани, во администрацијата нема место за потенцијални нови и современи идеи, туку само и само за партиски послушници кои новото работно место го заслужиле исполнувајќи партиски агенди. Нема одговор ниту од СДСМ ниту од надлежните за проектот за партиско зацрнување на администрацијата „Мрежа“, спроведуван низ општинските институции, училишта и градинки, но и Јавните претпријатија како Комунална Хигиена и Македонски шуми, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска ќе објавиме дел од оние за кои Животот од Тефтери пристигна во Куманово.
1. Некогаш главната стечајка и демонстрант, Лилјана Георгиевска, говорник и лик од спотовите на СДСМ, од неодамна, 05.10 оваа година, е вработена во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Нејзината ќерка, веројатно заради активностите на мајката- стечајка, е вдомена во детска градинка во Куманово.
2. Првиот човек од доверба на Оливер Спасовски, секретарот на кумановската партиска организација, Оливер Илиевски, од 28.12.2017 е раководител во Водостопанство, додека неговата сопруга од 08.10.2018 е вработена во МВР во Стопански криминал. Вработување во општата болница во Куманово неодамна е најдено и за нејзината сестра.
3. И десната рака на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Даниел Стојчевски на 06.06.2018 се вработил како директор на ЈП Чистота и зеленило, чија сопруга годинава на 01.05.2018 е вработена во градска библиотека во Куманово.
4. Претседателот на кумановската младинска СДСМ Мартин Захариев, од 26.11.2018 е вработен во Центарот за социјални работи; додека неговата мајка Снежана, поранешен социјалдемократски лидер во градот, сега е директор во кумановската болница, рече Стоилковски.

Тој рече дека ова се имињата од општинските тефтери на проектот „Мрежа“ за партизација на администрацијата.

– Од опскурната централа на СДСМ и натаму молчат за проектот Мрежа, а бледо истакнуваат дека партизацијата била „вмровска измислица“, односно вработувањата се одвивале, како што милуваат да кажат „транспарентно, според законите“. Во насока на транспарентноста, за да докажат дека не е празна флоскула, Костадин Костадинов како пратеник и партиски функционер на СДСМ, треба да инсистира и самиот да објави колкумина и со какви квалификации биле пријавени на конкурсот на кој што е вработена неговата мајка во администрацијата во Струмица, а истовремено нека побара истото да биде објавено и за сестрата на сопартиецот Александар Кирацовски, вработена во администрацијата во Битола. Но, транспарентноста нека не застане тука туку да побара јавно да бидат извадени резултатите на конкурсите за сите 24 нови вработувања во М-НАВ, рече Стоилковски.

Според него, со партизацијата и политизацијата на општеството, власта ја втурна Македонија во најмрачниот период од осамостојувањето.

– Нема економија, нема инвестиции има само полнење на администрацијата со партиски кадри. Затоа приклучете се на протестите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оваа среда и секоја следна среда во 17 часот, на протестите за што побрзо да ставиме крај на оваа мрачна агонија, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ