(ВИДЕО) Стоилковски: Се уште не се суспендирани обвинителите и полициските службеници кои земале илјадници евра од сметката на СЈО

Од:

„Институцијата со чија помош беше извршен милионски рекет и од чија што сметка беа исплаќани милионски суми на лица блиски до власта, лицата одговорни за прогонот врз опозицијата и политичките неистомисленици на Зоран Заев, денеска се спасуваат со обид на власта на мала врата целосно да се претопат во ЈО.

ЈО на Љубомир Јовески наместо истраги кон СЈО денеска целосно сака да го преземе СЈО, онака како му е наметнато од власта.

И сето тоа да помине без одговорност за аферата КЕШ, да нема одговорност за незаконското работење, нема одговорност за расипничкото трошење на милионите пари од буџетот, а и сето тоа да заврши без резултат“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта и ЈО се уште ги нема суспендирано обвинителите и полициските службеници кои земале илјадници евра од сметката на СЈО. И покрај излегувањето на аферата КЕШ во јавноста власта не презема конкретни чекори за милионската афера. Наместо одговорност денеска во Собранието, владата пушта предлог закон со кој што СЈО преоѓа кај молчаливиот РЈО Љубомир Јовески.

Статусот на вработените во СЈО требаше да се реши со нов закон за јавно обвинителската сфера.

Ова е гол обид на Власта вака да ги спасува роднините и блиските на СДСМ непотистички вработени во СЈО. Власта на овој начин сака да го премости носењето закон за ЈО сфера еден од условите за датум, на начин без опозицијата, без консензус, без договор, без прифаќање на 4те постулати за кои веќе ги прифатија а беа поднесени од страна на опозицијата како дел на новиот закон за ЈО сфера по теркот на светските норми.

Очекуваме одговорност за сите инволвирани во незаконските и расипнички дејствија во изминатиот период од СЈО. Доколку тоа не се случи сега, со сигурност ќе се случи по 12 април, кога со Обновата ќе се врати и правната држава“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ