(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори

Од:

Отворено се сомневаме дека Зоран Заев и криминалниот картел повторно имаат намера да ја изиграат народната волја со истите методи што ги применија и на последниот изборен процес, односно на референдумот, обвини Наум Стоилковски.

„Отворено се сомневаме дека ќе има повици за поткуп на гласачи, групно гласање и полнење на кутиите, што резултира со уривање Гинисови рекорди кога одреден период од денот на одредени избирачки места се гласаше на секои четири секунди.

Отворено се сомневаме дека институциите што се политички притиснати, уценети и нагазени од криминалниот картел, ќе му помогнат на Заев и ќе замижат пред криминалите.

И има основа за таков сомнеж и има материјални докази за таков сомнеж. Тоа е содржината на поднесените кривични пријави до Јавното обвинителство на Република Македонија токму за нарушен изборен процес. Поднесени се кривични пријави против повеќе од 200 члена на избирачки одбори, за брзи прсти и гласање за 4, 5, 9, 12, 14 секунди, во зависност од избирачко место.

Поднесени се и кривични за изборен поткуп и повик за поткуп среде референдумска кампања и цела низа други кривични пријави за кои нема никаков глас дека се процесираат во Јавното обвинителство.

И поинаку не може да биде, не може да нема сомнеж дека се подготвува истото тоа. Во вакви услови не може да се одржат фер и демократски кредибилни избори. Поинаку и не може да се протолкува молкот од страна на јавниот обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Повторно го прашуваме републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кого крие и кого штити и зошто не постапува во врска со изборниот грабеж?

Дали причина за молкот е непријатната содржина на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите што се под негова команда? Зошто и оваа истрага тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимани и што сè содржат нивните разговори? Кој ги има овие разговори? Кој ги преслушал овие разговори и дали во нив има индиции за криминал или интимни содржини со кои обвинителите може да бидат уценувани?

Време е јавниот обвинител да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува во согласност со заклетвата што ја дал. Јовески со непостапувањето ја злоупотребува должноста, што е казниво дело, Уште пострашно е што со непостапувањето фрла сенка кон претстојниот изборен процес“, порача Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци