(ВИДЕО) Стоилковски: Просто е, нема ЕУ со криминогени ликови во власта!

Од:

„Доколку Република Македонија не добие препорака од ЕУ, што е многу веројатно, тоа ќе биде по вина само и само на Зоран Заев и неговиот картел. Препораката виси заради тендерите, непотизмот, антиреформите, Кацарска судството, политичкиот прогон, а не заради администрацијата како што обвинува Дамјан Манчевски.

Почитувани со здравје да си ги трошите 500 евра просечна плата, најголемата црна лага на оваа власт! И притоа, виновни сте за оваа црна власт!“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дамјан Манчевски министерот за партизација на администрацијата, кој откако Заев ја натрупа администрацијата со се’ непотребно и некадарно партиско внатре, сега се заканува, и признава, дека нема 500 евра плата! Нема 500 евра плата освен ако не сте од оние напикани во М-НАВ или другите партиски агенции. Нема 500 евра плата и виновни сте за Кацарска судството, за партизацијата, за црното здравство, за се’, за немањето еден реформски зафат на оваа криминогена црна власт!

Манчевски со сета памет и убавина порача дека ако нема ЕУ преговори нема ниту плата! Аирлија! Значи плата нема да се даде заради синови, ќерки, мајки, сестри, внуци, зетовци, како роднини на Костадинов, Кирацовски, Николовски, партиски професори, градоначалници, локални сдсм-ски моќници. Манчевски со сета памет вчера порача – вие сте виновни што оваа влада е нереформска!

Манчевски, благодарам на признанието, ама доцна е за тоа.

Какво ЕУ, каква црна плата, какви лаги уште терате?

И сметате дека некој уште ви верува? Секому му е јасно дека нема ЕУ со вакво црно Кацарска судство, нема ЕУ со аболициран премиер и криминогени вице-тендер-премиери, со вакво црно тендер здравство, образование, локална власт, култура… Просто е, нема ЕУ со криминогени ликови во власта! И тоа е реалноста.

Не сте кадарни ниту едно ветување да исполните, освен радиодифузната-такса!

Вие сте донесени само за едно, вие сте власт само за една црна намена!

Повеќе и не се очекува, ниту пак можете!

Падот ви е започнат е тресокот ќе биде многу гласен и многу болен!

Доколку Македонија е добие препорака Заев и неговата криминогена банда мора итно да поднесат оставки, а не да ја казнуваат администрацијата“, Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС