(ВИДЕО) Стоилковски: Предвремени избори во октомври догодина разумна основа за разговори со власта

Од:

Терминот за предвремени избори во октомври 2020 година што денеска на опозицијата и го понуди премиерот Зоран Заев, за ВМРО-ДПМНЕ е разумна основа за разговори со власта на таа тема.

-Очигледно е дека под притисок на јавноста по многубројните скандали власта која што е во паѓање го прифаќа предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. А, тоа што се однесува за понудениот термин за октомври догодина, се чини како разумна основа за разговори со власта на таа тема, изјави денеска портпатолот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање дали овој термин е прифатлив партијата и доколку нема договор за избори, дали ќе нема договор и за Законот за јавно обвинителство.

Во врска со тоа дали договорот за избори е врзан со договор за законот за јавното обвинителство, дали се условени едното со другото, Стоилковски истакна дека тоа што се посочувало досега, а и сега, е дека лидерска средба е невозможна без темата предвремени парламентарни избори.

На прашањето дали партијата е во коалиција со БЕСА, бидејќи вчера во Собранието заедно обезбедиле мнозинство и се чини оти се иста линија со оглед на датумот за барањето за предвремени избори, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не е тајна дека се во постојана комуникација со сите политички партии.

– Станува збор за политички субјект кој што има свои ставови кои некогаш се поклопуваат, а некогаш не, рече Стоилковски.

Премиерот Зоран Заев денеска во Куманово, изјави дека е охрабрен од вчерашните преговори на работните групи за законот за јавно обвинителство, додавајќи дека се заокружени две работи и оти е закажана следната средба на која ќе се расправа за останатите отворени прашања меѓу кои и за прв човек на обвинителството.

–Ќе сториме се да можеме да изградиме консензус. Секако паралелните пораки кои стигаат од страна од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека џабе е што работат работните групи кога на крајот нема да има гласање, ако нема предвремени избори, нас нема да не обесхрабри да продолжиме да работиме да ги приближиме ставовите преку работните групи, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања при пуштање во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Заев нагласи дека останува и понатаму оптимист, а ако опозицијата сака предвремени избори, тие можат да бидат одржани во октормври 2020 година.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски