(ВИДЕО) Стоилковски: Пред изборите власта ги корумпира граѓаните со вработувања во државни институции

Од:

Зоран Заев повторно посегнува по корупција преку вработувања во администрацијата како дел од предизборен поткуп за гласови. Во очи на изборен период се спроведуваат повеќе стотици вработувања во државни институции. Тоа се стотици и стотици нови административци за задоволување на партиските апетити на СДСМ, платени од џебот на граѓаните, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Само за пример, ќе се вработуваат нови 84 лица на македонските патарини, а нели се воведува електронско плаќање? Царинската управа е нов пример со оглас за 78 вработувања со плати од 16 до 40.000 денари заради наведен зголемен обем за работа. Наспроти се’ што од СДСМ зборуваа за администрацијата, наспроти како што ја најавуваа „функционална анализа за превработеноста во администрацијата“, наспроти најавите за префрлање на административци во приватниот сектор, власта спроведува груба, црна партизација, ново црно полнење на администрацијата, од кафекувари до советници, во очи на изборен период. Заев и неговите сопартијци го користат вакуумот од непостоење на антикорупциска комисија и во очи на предизборен период одненадеж гледа место за повеќе стотици нови административци, чие што вработување има заднина – предизборно задоволување на партиските потреби во изборни цели. Тоа е корупција, а не потреба од стотици копирачи, кафекувари, возачи – до советници и членови на директорски кабинети, тоа е класична злоупотреба на администрацијата, рече Стоилковски.

Тој додаде дека ова е надоврзување на коруптивните огласи од кампањата за референдумот, кога, како што рече тој, исто така биле отворани места за вработување во државните агенции и институции.

– Фарсата со новоотворените позиции ја покажува и распишувањето огласи во празнични денови и остава огромна можност кандидатите веќе да се избрани во партиските штабови! Па и на овие огласи ли за високите платени позиции, повторно најдобри кандидати ќе бидат децата на видните членови на СДСМ како Грчев, Фрчкоски, Бучкоски, или пак на коалициските Бејта, Џафери? Има ли крај на црната партизација на администрацијата од СДСМ, која е забележана и од ЕК? Со операцијата мрежа ги наполнија сите јавни општински и државни институции со деца и внуци на партиски големци, ги наполнија државните претпријатија и институции како М-НАВ со несоодветни кадри, се измислуваат заменици директори со нивни кабинети за секое јавно претпријатие, па повторно огласи за стотици партиски вработувања. Навистина, каде е крајот на црнилата и партизацијата на администрацијата со СДСМ? Вака не се враќаат 600.000 иселени како што броеја, туку се прават нови и нови редови за иселување. Ваква црна партизација ваква корупција на гласови со вработувања во администрацијата испраќа порака дека во државата под СДСМ нема место за професионалци, за вредни, за работни, за образовани, туку само за партиски кадри, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад