(ВИДЕО) Стоилковски: „Паркинзи“ претворено во штаб на ДС, вработени финансиери и роднини на министри

Од:

„Вчера соопштивме дел од вработените во Градски паркинг, од оние коишто се на листата на вработени членови и високи функционери на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов и веројатната причина за нивното учество во владината коалиција. Акцизи и даноци не смеат да се намалат за да може партиската војска на власта да зема пари“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Демократски Сојуз со години го имаше ЈП Градски паркинг во Скопје како клон на партиското седиште во коешто се вработувани највисоки партиски функционери и нивни семејства и нивни блиски.

Вчера издвоивме десетина имиња на роднини и блиски на Павле Трајанов претседател на Демократскиот Сојуз, како и на Владимир Кроневски член на претседателството на Демократскиот Сојуз, податоците се од оние кои што ни се доставени од укажувачи.

Денеска ќе набројам уште неколку имиња, на финансиери и роднини на првите луѓе во Демократскиот Сојуз. Билјана Ристеска внука на Русе Соколов еден од основачите и првите луѓе на Демократскиот Сојуз. Ивана Симоновска, роднина на Русе Соколов. Гоце Симоновски, сопруг на Ивана, роднина на Русе Соколов.

Горан Копчаревски, роднина на Панче Стојановски, функционер на Демократскиот Сојуз.

Павлинка Ганева Атанасов, сопруга на финансиер, донатор на Демократскиот Сојуз.

Игор Трајковски, еден од главните финансиери на Демократскиот Сојуз.

Сашко Димитровски, роднина на Зоран Димитровски, генерален секретар на Демократскиот Сојуз и заменик министер за локална самоуправа.

Ова се само дел од податоците доставени до нас од укажувачи.

Демократскиот Сојуз со години е привезок на власта веројатно за бенефитите, како службени автомобили, службени телефони, како и трговија со влијание, односно ослободување од плаќање паркинг во Скопје, една огромна афера за која што информиравме неодамна.

За Демократскиот Сојуз нема идеологија, нема економска криза, бидејќи со години како привезок на власта Градски паркинг служел како партиска испостава.

Одлепеноста на власта нема дно. Сега очекувам Павле Трајанов и Демократскиот Сојуз да ве убедуваат дека економските политики на владата се одлични, само и само да добијат ново сместување за своите роднини и пријатели во нови јавни претпријатија“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела