(ВИДЕО) Стоилковски: Од голтари до милионери – Стефан Богоев станува хотелиер, 10 дена пред локалните избори неговата мајка купува имот од 7.500 м2 до Беровско Езеро

Од:

Тука зад мене е уште еден пример од СДС и едицијата „голтари влезени во политиката, а сега милионери“. Честитки за Стефан Богоев! На функција во СДС, во Берово под СДС, по криминогени и рекетарски скандали неказнет во Карпош од СДС, на брегот на Беровското Езеро, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Ова зад мене од лани е имот на Стефан Богоев, екс градоначалникот на Карпош од СДС. Најнеуспешниот во Карпош, градоначалник полн со скандали, а сега ќе стане и хотелиер. Имот од 7,5 илјади м2 , до езеро, купен лани, на 7ми октомври. 10 дена пред локалните избори. На име на мајката на Стефан Богоев, со намена за хотелски комплекс.

Постапката е почната, фирмата е регистрирана, Стефан Богоев ќе стане хотелиер, тукушто излезе од градоначалничка функција. Ова почитувани е типичен пример за СДС, за криминалот, за корупцијата и неказнивоста. Богоев, прв потписник на договор на Меѓународен Сојуз, милионски рекетарски случај. Богоев, којшто не мрдна по пресовите за дивоградби во Карпош. Богоев, којшто не мрдна за коруптивниот скандал на Весовски за реконструкција без договор на водоводна мрежа.

Најнов хотелиер од СДС, уште еден неказнет за скандали и корупции, голтар па милионер! Ова е пример зошто СДС ги предаде националните интереси, и зошто се потпишуваат договори за национален срам. За хотели и богатства. За пусти пари! – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он