(ВИДЕО) Стоилковски: Обвинителството мора да отвори истрага за скандалот со уништувањето на инсулин со валиден рок на траење

Од:

„Јавното обвинителство мора да отвори сериозна истрага во која што ќе ја утврди одговорноста на Министерот за здравство Венко Филипче во скандалот со уништувањето на инсулин со валиден рок на траење. Постојат издржани и аргументирани сомненија дека Филипче и останатите инволвирани во скандалот нанеле милионски штети на буџетот со уништувањето на инсулинот.

Три дена поминаа откако најавија дека ќе го отворат и истражат случајот, а не слушнавме за никаква активност во таа насока.

Органите на прогонот не смеат да остават простор да се уништат траги и докази или да се влијае врз потенцијални сведоци со оглед на фактот дека станува збор за министер, близок соработник на Зоран Заев. Јавноста мора да знае кои се мотивите за уништувањето на инсулинот и дали некој се офајдил или ќе се офајди од оваа одлука.

Доказ за обвинителството треба да бидат и залудните обидите со манипулации да се покрие овој милионски скандал. Од Министерството за здравство прво велеа дека уништувале турски инсулин, па се испостави дека е инсулин е произведен од реномиран светски производител „Новонордиск“. Потоа се вадеа дека уништиле инсулин со изминат рок, па се испостави дека рокот му траел до 6-ти и 7-ми месец следната година. Потоа се вадеа дека производителот не обезбедил ладен ланец на чување, па се испостави дека тоа е грижа на купувачот односно на министерството за здравство“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Низа на манипулации и лаги слушнавме од Венко Филипче за овој скандал во кој од ден во ден се повеќе се заплеткува и затоа обвинителството треба итно да реагира.

Бараме итно надлежните институции да одговорат кога е произведена оваа количина уништен инсулин?

Кој и со каков официјален допис утврдил дека се работи за неквалитетен инсулин?

Колку со уништувањето на инсулин со валиден рок на траење е направено штета по буџетот и дали ова скандалозно уништување имало крајна цел да се распише нова милионска набавка која потоа фирма блиска до СДСМ требало да ја добие?

Прашањата се легитимни и за тоа мора да се произнесе и обвинителството, бидејќи се работи за парите на граѓаните и здравјето на пациентите во Република Македонија.

Доволно долго министерството за здравство е извор на скандали и сомнежи за корупција кои поминуваат не санкционирани. Аферата „ИНСУЛИН“ е само продолжување на крвавиот тендер со реагенси, тендерот за стерилизација, сомнителните набавки на лекови по принципот татко-ќерка и многу други скандали што го тресат министерството за здравство. Од обвинителството за овие скандалозни случаи кои се случуваа пред година и половина па навака во континуитет за жал се уште нема никаква реакција, а камо ли пак санкција. Јавноста не сака да види уште еден крупен скандал во здравството да лежи во обвинителските фиоки.

Одговори и одговорност мора да има. Ако обвинителството е под силен политички притисок на власта на Заев сето ова да се турка под тепих, после изборите на 12-ти април 2020 година, сето ова и сите други прашања ќе излезат на виделина“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски