(ВИДЕО) Стоилковски: Непотизмот е врв на лицемерието на владата на СДСМ

Од:

„Зад мене е центарот за полнење на администрација, за вработување на мајка, синови, ќерки, татковци, стрини, вујни, чичковци по принципот „партизација на администрација од хигиеничар до министер“. Услов е кандидатот да биде член или да биде поврзан со што повисок функционер во партијата.

Костадин Костадинов е поранешен советник, па ВД градоначалник на Струмица, сега пратеник и партиски портпарол на СДСМ кој вели немало непотизам! Особено не за вработувањето на мајката си во Централниот регистар во Струмица“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Без паника и страв, а во име на транспарентноста и отчетноста, и во име на штитењето на јавниот интерес, Костадинов, а и СДСМ, треба да одговорат дали за вработувањето на овој свеж, мотивиран кадар без врски во Струмица, како предност и висококвалификувано искуство е земено туркањето на семејни фирми во стечај?

Односно: Зошто од регистарот во 2013 година е избришана фирмата ФАНИ ЕКСТРА ДООЕЛ Увоз Извоз Струмица, регистрирана за трговија со пијалаци? Зошто е поведена стечајна постапка преку УЈП за фирмата ФАНИ ЛОГИСТИК ДОО, за трговија со пијалаци на големо, а субјектот е се уште во постапка за бришење? Зошто е поведена стечајна постапка и бришењето на ДЕЛИКАТЕС ФАНИ ДООЕЛ Струмица, уште една семејна компанија на Костадинови? Зошто е поведена стечајна постапка и е избришана од трговскиот регистар ИНТЕР МЕТАЛ МЕТН ДООЕЛ Струмица, уште една од низата семејни компании на Костадинови, чиј што сопственик и управител најчесто е Фанија Костадинова, мајка на партискиот портпарол, поранешен ВД градоначалник на Струмица, поранешен Советник во општината, а сега пратеник во Собранието на РМ и портпарол на СДСМ?

Стечајна постапка се поведува како последица на ненамирување на обврските кон добавувачите, значи долгови кои не можат да се сервисираат. Ваква низа на фирми во стечај и избришани од Регистарот во една потесно семејство, отвора сомнежи и остава место за прашање дали имало можност за намерно туркање во стечај и со тоа остварување на лична добивка?

Вработување на млад човек во Струмица со завршено средно образование ќе значи многу повеќе за некое семејство, отколку вработувањето на мајката на пратеник и партиски функционер! Oсобено ако примениот зад себе има неколку компании во стечај! Веруваме во фер шанса за вработување за секого, но непотизмот во ваква најсурова смисла е врв на лицемерието на оваа власт која што не само што лажно се колне во европски вредности, туку е и бесрамна во случаи кога е фатена во лага“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски