(ВИДЕО) Стоилковски: Нема град во Македонија кој не е погоден од загадувањето

Од:

„Грејната сезона не започнала со сета силина, а Македонија веќе се гуши во смог. Скопје, Тетово, Куманово, Струмица, нема град, нема регион во Македонија кој што го нема овој проблем. Денеска најзагадено е Скопје, вчера беше Тетово, пред тоа, Куманово. Струмица се давеше додека Заев синоќа се пењавеше дека е на пат до „живот“!

Лагите на оваа власт ги плаќаме со здравјето. Ветувањата беа дека Македонија ќе преземе чекори против загадувачите и мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. На чекор сме до избори, мандатот им мина во лаги и уништување на еко-протестите на кои токму власта се појавуваше со гас маски!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ветуваше гасификација, по теркот на Струмица и Куманово, а и годинава тие два града предничат во загаденост. Заев ветуваше здравје, а државните болници се најголемите загадувачи во Куманово и Струмица. Минатата грејна сезона Венко Филипче вети гасификација на најголемиот загадувач во Куманово, болницата, но и на болницата во Струмица и на гинекологија во Чаир, но тие и годинава наместо да лечат, дават преку оџаците бидејќи се на мазут.

ВМРО-ДПМНЕ во екот на еколошкиот аларм лани предочи сет од 20тина мерки меѓу кои и онаа за гасификација на болницата во Куманово, на која и се потребни околу 200.000 евра од државниот буџет.

За жал ништо од тоа не е прифатено и преземено. Наместо гасификација на загадувачите, сега власта преку министерството за економија влегува во предизборен популизам со распределба на 250.000 евра за субвенционирање на неполни 900 плински уреди за автомобили. Според статистиката за регистрирани возила во 2018 година во Македонија има над 415.000 патнички автомобили, од нив 150.000 се во Скопје. Ваквата мерка на министерството за економија и на власта, за жал, нема да го реши проблемот, а ефектот ќе биде минорен. За истите пари, може да се реши проблемот за кумановската болница и со тоа да се реши најголемиот загадувач во општината со над 100.000 жители.

Ниту знаат, ниту сакаат да знаат како да се решат проблемите. Единствено се грижат за опстанок на власт на изборите во април. Наместо на вистински мерки и грижа за граѓаните, посветени се на популизам.

Времето за Обнова на Македонија е блиску, за жал по уште една смртоносна грејна сезона со СДСМ на власт“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски