(ВИДЕО) Стоилковски: Нема да отпочнеме преговори заради погубните политики на власта

Од:

„Зоран Заев прокоцка цела година во лаги и манипулации дека Македонија добила датум за преговори. Еве што велеше Заев цела година, еве како убедуваше насекаде, еве како говореше од собраниската говорница!

Ова е видеото од 2 јули 2018 година, обраќање на Зоран Заев во Собранието пред пратениците! Значи пред една година каде што вели – „Скрининг процесот ЕУ го почнува на 17 јули 2018 година, овде, во Македонија. Европскиот совет никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија за да утврдува датум за преговори. Овие два аргументи се сериозна потврда дека Република Македонија доби датум за почеток на преговори“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„И еве не сега една година подоцна, Зоран Заев вели добил најдобар извештај до сега, кристално чист како милува да споредува ама повторно го чека Советот оној што никогаш немало да се навраќа на Република Македонија за да определува датум, и го чека да се наврати Советот и да определи датум за почеток на преговори. Односно да каже Заев дали испорачал реформи за да добие датум за преговори.

И повторно Заев навлегува во нови лаги, дека ова бил најдобриот извештај, а лани нели беше најдобар и беше добиен датум заради тој извештај, и сега чека повторно ЕУ да му испорача! А, советот и лани порача дека ќе се наврати на Македонија за да ги провери реформите, и Заев тоа и тогаш и сега го знаеше! И повторно ништо не сработи!

Замислете, Зоран Заев убедува дека ЕУ треба да му испорача! Заев во својата самозаљубеност, во самоблескањето, во самокристалот, вели Германија, Меркел требала нему да му испорача тоа што му го ветила.

Зоран Заев и неговите лаги се срам и од ден на ден нанесуваат се поголема штета на Република Македонија. Зоран Заев наместо да работи на реформи, на економијата, на реформи во судството, безбедносниот систем, на борбата со корупција и справување со корупцијата во власта, во системот, тој и натаму е убеден и натаму лаже дека неговото прифаќање на грчкиот ултиматум против македонската посебност, култура, историја и идентитет преточени во Преспанскиот договор со години ќе го фалат и нема потреба ништо повеќе да преземе и да сработи!

Е па не е така! Грчкото негирање, да беше огромен проблем и за тоа неколку пати поставуваше блокади на македонските евроатлански интеграции, но сега се проблем немањето реформи, неработењето на власта, корупцијата и економскиот колапс!

Зоран Заев го обвинува Берлин дека Меркел не давала датум за преговори! Замислете Меркел не застанала спроти економскиот систем на Германија, на германските стопанственици, на оние кои што ја држат европската економија, кои што дадоа и оценија нула на перформансите на Заевата влада! Замислете Меркел не сакала да даде датум и со тоа да им порача на другите држави аспиранти за членството во ЕУ терајте вие во криминогеност, во корупција, во скандали со распределба на државниот буџет, во даночна евазија, во партизација на администрацијата, а ние ќе ви дадеме датум! Тоа би значело давање датум на ваква власт на Зоран Заев. За жал на македонските граѓани повторно изгубија уште една година со Зоран Заев.

Почитувани жално е граѓаните, македонските граѓани, сите граѓани во Република Македонија да останат во чекалната затоа што Зоран Заев е убеден дека менува фиктивна Нобелова награда за датум за преговори! Жално е што Македонија нема да отпочне преговори заради погубните политики на Зоран Заев!

Зоране Заев, времето ти измина, не создавај дополнителни проблеми на Република Македонија! Замини си, не ја одземај иднината на граѓаните, престани со лагите и обвинувањата на други. Игрите и лагите, капацитетот, ти е прочитан и дома и надвор. Колку подолго си на власт, толку подолу ја туркаш Република Македонија“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина