(ВИДЕО) Стоилковски: Наместо Рашковски да изигрува силеџија и се заканува со тужби, нека и одговори на јавноста

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан како ја коментира вчерашната изјава на премиерот Заев за новите снимки на Рашковски кои се појавија во јавноста одговори – наместо Рашковски да изигрува силеџија и се заканува со тужби кон медиуми нека одговори она за што навистина јавноста сака да знае.

„Наместо Заев да вели дека не ја слушнал снимката за да ја види одговорноста, треба да одговори од каде знае дека Рашковски е невин, целосно невин како што вели. Со други зборови смешен начин да се одбегне одговорност на оваа влада, на Рашковски и на Зоран Заев.

Македонската јавност заслужува одговор, дали Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски учествувал во нелегални активности? Во најновиот разговор кој беше објавен во медиумите, Рашковски говори за работи кои се предмет на истрага при склучувањето на тендерот со италијанската фирма „Леонардо“, се заслужува одговор за што станува збор и тој одговор мора да излезе.

Владата е повторно фатена во еден огромен скандал, Рашковски знае дека не смее да разговара со Леонардо пред да биде доделена понуда, и спротивно на законот наложува да разговара со оваа фирма.

За каков концепт не смее да се разговара, Генералниот секретар на Владата вели дека единствено може да се разговара за цената, за што станува збор одговори мора да има? Дали во овој најнов аудио разговор, Рашковски признава дека набавката е криминална или пак можеби предмет на истрага?

Обвинителството мора да се ослободи од притисоците на власта, од притисоците на Зоран Заев, на владата, на Рашковски и мора да се заинтересира за овој случај со 7 милионска аванта која Драги Рашковски ја договара со фирмата „Леонардо“ по насока на Зоран Заев.

Основното Јавно Обвинителство мора да ги слушне и обвинувањата на еден друг директор, а тоа е Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар, кој откако почна да ја критикува власта беше сменет од позицијата, а сега го обвини токму Рашковски дека земал
мито за сите тендери на Клинички центар.

Обвинителството мора да го истражи овој случај, обвинителот Љубомир Јовевски мора да го надмине стравот и да постапи согласно законите, а не согласно директивите дадени од Зоран Заев. Зоран Заев мора да му врачи оставка на Генералниот секретар на Владата, Рашковски, доколку тоа не се случи Рашковски од позиција на моќ може да влијае врз сведоците и истрагата.

Правдата во Македонија мора да се врати, сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот, законите мора да важат подеднакво за сите, па така и за миленикот на Зоран Заев, Драги Рашковски.“, објасни Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања