(ВИДЕО) Стоилковски: На фирми блиски до власта им се дозволува согорување на кокс и на гума

Од:

Зоран Заев и бизнис олигархијата поддржана од власта ги трујат граѓаните. На фирми блиски до власта им се дозволува согорување на кокс и на гума, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Скопје секој ден се гуши. Заев и Шилегов ништо не преземаат. Власта мора да одговори кој, зошто и на кои фирми им дозволил во Македонија да горат цели бали со фарбан текстил и нафтен кокс со 18% сулфур. Отровниот воздух се шири насекаде, а последица се полните болници.

Густиот чад кој за нас значи болест, очигледно за некого е бизнис. Скопје не го гори својот отпад, туку отпадот од голем број на земји низ светот. Горењето на отпад од толкави размери не може да е без знаење на Заев и на Шилегов.

Според податоците коишто ги објавија медиумите само во февруари оваа година во државата се има увезено и изгорено повеќе од 40.000 тони нафтен кокс, во 8 фирми.

Додека граѓаните се гушат и заболуваат од тешка болест на сметка на нивното здравје некој заработил 12.000.000 евра за само еден месец.

Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат колку нафтен кокс и со колку проценти сулфур е увезен годинава во Македонија?

Дали е вистина дека некој во Царинска управа дозволува увоз на нафтен кокс со 18% сулфур, а го тарифира како 2%, којшто е дозволен во земјава? Колку сецкана гума и стари гуми се внесени и колку шлепери со фарбан текстил и друго ѓубре завршиле во нашите фабрики и кои фирми ги увезле во Македонија?

Граѓаните се трујат, а надлежните молчат. Одговори мора да има. Кои се увозниците на отровниот отпад и кој се богати на сметка на здравјето на граѓаните?

Последиците се видливи, густиот смог секоја вечер во Скопје, Куманово, Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово е видлив. Загаденоста на воздухот е и до 10 пати над дозволеното, а ветуваа чист воздух веднаш.

Труењето мора да запре. Оваа власт не е способна тоа да го направи. По 12 април следува одговорност за сите. По 12 април следува вистинската борба против загадувањето и справувањето со проблемите на граѓаните посветено и одговорно.“, наведе Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски