(ВИДЕО) Стоилковски: Мрзливиот Шилегов во изборна година вработува нови 175 административци во ЈСП кое едвај преживува и со градските субвенции

Од:

„Советот на Град Скопје, поточно советниците на СДСМ вчера изгласаа скандалозна одлука со која што мрзливиот градоначалник, Петре Шилегов овозможи нови 175 вработувања во ЈСП -претпријатие кое што ако не се субвенциите на Град Скопје ќе банкротира.

Еве го тој план, каде што според дописот планирани вработувања заклучно со 31 декември се 175. И според описот во годината во која што се однесува оваа одлука вели 41 пензионирање ќе има во текот на годината, а планирани се 175 нови вработувања. Носење на ваков План и тоа во изборна година несомнено отвора сомнеж дека списоците за овие вработувања веќе се направени“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да беа вработувани само возачи кои што се дефицитарен кадар на ова јавно сообраќајно претпријатие ќе бевме првите кои што истото ќе го поздравеа, а вака понудениот список укажува на тоа дека ЈСП станува државна јагма за приватни и за партиски цели.

Во година кога 60 илјади луѓе од приватниот бизнис остануваат без работа, кога економијата и официјално е во рецесија, токму на директорот на ЈСП поставен од неработникот Петре Шилегов му притребало после четири години директорување нов оперативен директор. Или пак советник за примена на Законот за јазици. Што ќе го советува и како сега после неколку години од донесениот Закон баш сега му притребал ваков кадар. Или пак работно место инженер за инвестиции, па какви инвестиции кога најголемиот инвеститор на ЈСП е токму Град Скопје.

Со овој обем на вработување Владата треба да се откаже од намерите за привлекување на нови странски инвестиции, поради две причини, првата затоа што ќора инвестиција не донесоа, и втората, затоа што најголемиот работадавач на оваа држава станува токму Град Скопје и мрзливиот Петре Шилегов.

Но, проблемот е што ова се парите на скопјани. А, кога државни пари се слеваат за лични интереси освен што е еден неморален конфликт, тој несомнено покажува и за силна политизираност на целиот процес“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик