А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Стоилковски: Министерството за образование повеќекратно го прекршува колективниот договор

by А1он08/11/2019 - 15:28203
Share0

Очигледно денеска гледаме една режирана претстава и политичко замешалство на власта во заминување. Денеска средбата која требаше да се случи помеѓу претставници на СОНК и претседателот Јаким Неделков со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, и која што беше потврдена од самиот претседател на СОНК по средбата со министрите од власта еднострано беше откажана, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Што се однесува до самиот договор, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа Влада е три години на власт и немаше никакво зголемување, а се што требаше да се направи е да се почитува договореното од страна на министерството за образование кое повеќекратно го прекршува тој колективен договор. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување.

Да бидеме јасни и недвосмислени, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

Следете a1on на Youtube YouTube

ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот во заминување Заев на одговорен пристап со оглед на фактот што на оваа Влада и преостануваат само уште неколку месеци од нејзиното катастрофално владеење, особено имајќи го во предвид фактот што е веќе докажано дека Заев може да ветува се, а знаеме дека реализацијата на тие ветувања е еднаква на нула.

Како и за се друго неговиот збор нема вредност, затоа што овој човек не се држи до својот договор, и дека по изборите друг ќе треба да ги обезбеди тие средства.

Напоменуваме дека ние ќе го дадеме максимумот за да им помогнеме на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува синдикално движење без политички обланди кое ќе се залага искрено и за правата на работниците.“, наведе Стоилковски.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео