(ВИДЕО) Стоилковски: Корупцијата изгоре 60 луѓе, никој не одговара

Од:

„Седум месеци, повеќе од 210 денови минаа од пеколниот пожар во модуларната болница во Тетово, 14 живи пациенти пеплосаа. Три месеци и две недели, повеќе од 110 дена минаа, од пеколот во автобусот на смртта на автопатот Струма во Бугарија, 45-мина живи изгореа“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„150 денови минаа откако Вилма Русковска изјави дека цитирам „нема ништо конкретно“ од истрагата за модуларната.

130 денови минаа од изјавата на Пивоваров, Национален координатор за гранично управување, дека патниците се виновни затоа што не ја провериле лиценцата на автобусот. 80 денови, повеќе од 10 работни недели минаа, откако се пристигнати седумте страници за превод од Германија, Извештајот за несреќата во Тетово.

140 денови минаа откако Руфат Хусеини директорот на Државниот инспекторат за транспорт изјави дека се обиделе, но не успеале да извршат контрола во просториите на фирмата „Беса транс“.

19 недели минаа откако Љубомир Јовески заедно со Вилма Русковска беа во Бугарија по несреќата со автобусот и уста не отворија од тогаш за случајот. 110 денови царината проверува како тоа автобус без лиценца минувал граница.

Вилма Русковска се уште е обвинител, Љубомир Јовески на крај од мандатот се моли за Уставен судија, Оливер Спасовски се уште е министер за полиција, Љупчо Путер Николовски е министер за земјоделство бидејќи му се укина министерството за борба со корупција.

Заев и Филипче од страна ќе отворале фондација. Влакно не им фали. 60 луѓе живи пеплосаа, 60 луѓе се очигледни жртви на криминал и корупција, никому влакно не му фали, никој не понесе одговорност! Никој, ама никој не одговараше за тоа!

Корупцијата изгоре 60 луѓе, никој не одговара. Со вакво заробено правосудство од тандемот СДСМ-ДУИ, со влада на СДСМ-ДУИ, секој ден минат во Македонија, е ден минат со висока корупција и криминал!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела