(ВИДЕО) Стоилковски: Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите

Од:

Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани, посочи Наум Стоилковски.

Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, смета Стоилковски, беше срушена и апликацијата и срушен серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои што се барало внесување на матични броеви и други податоци од граѓани.

Ќе има ли ЈО било каква реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени, злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?

Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп среде кампања од референдумската кампања и низата други кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на
Љубомир Јовески?, прашува Стоилковски.

Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари сета афера.

Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и е обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но за жал и повторно Јовески и неговиот тим го ставаат Заев и СДСМ над законот, вели Стоилковски.

Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службена положба и овластување.
Правото и правдата се на дофат, граѓаните јасно порачаа дека на Македонија и е потребна право и правда и таа ќе победи на овие претседателски избори!, заклучи Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент