А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Стоилковски: Избори за народот да каже дали е за Октоподот или за Обновата

by А1он17/09/2019 - 15:00168
Share1

„Зоран Заев и СДСМ секојдневно тонат и ја влечат Македонија во криминогеност и корупција. Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните кои што оддамна веќе не му веруваат на лагите. Зоран Заев знае дека неговото владеење се темели само и само врз злоупотреби на власта. И токму затоа Зоран Заев бега од избори!

Добивај вести на вибер

Зоран Заев од позиција на моќ и злоупотреба на институциите, бега од одговори за Рекет, од одговори за Леонардо, бега од одговори за Тополки, за Крвави тендери, за постојано задолжување, бега од одговори за крахот на капиталните проекти, Заев бега од одговори за сите лаги и сите манипулации до сега. Заев бега од одговори, бега од избори, бидејќи на избори тој ќе го добие одговорот за сите негови лаги.

Со Зоран Заев, Македонија тоне на сите рејтинг листи, Македонија тоне на економски, образовен, здравствен, социјален план, тоне во инвестиции, тоне во криминал, корупција и неказнивост на криминалците. Зоран Заев знае дека граѓаните не веруваат во институциите, во правниот систем, не веруваат во здравството, во образованието, не веруваат на економијата, не веруваат на лагите на Зоран Заев за земјоделството. Разочараноста на граѓаните ја празни државата. Секојдневно десетици и десетици автобуси со македонски граѓани итаат во еден правец надвор од Македонија, граѓаните буквално бегаат од девастирачките политики на Зоран Заев“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев со неговата државна мафија го згази достоинството на чесните луѓе. Фатени се во огромен криминал, фатен е во огромен рекетарско-обвинителско-политички октопод преку кој што отворено тргува со правдата, со законите, монтира обвинителски акти за да уценува, изнудува и да ја гази правната држава.

Зоран Заев своето владеење го потпира само и само врз тој октопод. Ја погази правдата, сега ги гази и оние на чии што раменици беше поставен на власт. Инсталираше Луј Витон правосудство за да го штити криминалот и да ги гони политичките опоненти, додека со судски случаи се уценуваат милиони евра рекет.

Поразот на Заев му е неминовен. Нарачаните анкети и анализи на Заев веќе не минуваат ниту во членството на СДСМ. Но, ако Заев верува на тие мерења, сега и веднаш да излезе на избори и на соочување со граѓаните. Изборите се вистинската анкета!

Зоране Заев, доста е, ајде на избори! Македонија не заслужува вакво понижување, граѓаните не заслужиле да бидат поданици на криминалот и на корупцијата, да живеат без сигурна иднина. Итно се потребни избори за Македонија да се ослободи од сидрото Заев! Итно треба да се формира техничка влада за да се овозможат фер и демократски избори, за да се заштити изборниот процес од полнења на кутии и од изборни манипулации. Избори, па народот да каже дали е за Октопод или за Обнова!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто