(ВИДЕО) Стоилковски: Грозоморие во болниците на смртта на Филипче

Од:

Немам доволно зборови да го опишам грозоморието кое што владее во болниците на смртта на Венко Филипче и на Зоран Заев!
Фотографиите кои што од пред малку се споделени на социјалните мрежи го покажуваа дното на нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта. Во битолската болница, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела, на починати пациенти, додека на другите два се пациенти прикачени на инфузиска терапија – рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум стоилковски.

Тој повика на оставки на мисистерот на здравство Венко Филипче и на премиерот Зоран Заев и формирање на експерстска влада.

„Инсистираме на темелна истрага за случајот во битолската болница, вакво нешто е недозволливо. Но, морам да потсетам дека неодамна предупредувавме за степенот на нехуманоста и воопшто делувањето вон здравствени протоколи во болниците на смртта на Филипче, тогаш кога беа објавени фотографиите за инфузиска терапија на пациенти во двор на болница. Сега инфузиска терапија се дава во соба со мртви човечки тела. Ова повеќе не смее да се повтори. Ова се фотографии за грозоморието во болниците на смртта се недостојни ни за здравството од третиот економски свет“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски