(ВИДЕО) Стоилковски: Филипче фатен во лага, владината Малмед тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци

Од:

„Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомнеж за постоење на криминал.

Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сето ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство.

Аргументите на министерството за здравство се лажни и неуверливи.

Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт“, рече Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен.

Напротив ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци.

Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година.

Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин.

Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта.

Филипче треба кривично да одговара за овој скандал“, изјави Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали ќе реагираат до надлежните институции, до Јавното Обвинителство, Стоилковски кажа дека Јавното Обвинителство би требало да реагира согласно нивните обврски, да реагира по допрен глас.

„Да реагира по се што е укажано од ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го има посочено Јавното Обвинителство како место каде што се закочува правото и правдата и се отвора сомнеж за правната држава во оваа земја. Злоупотреба на службена должност не е само се сработи нешто туку и непостапување е кршење на службената должност во Јавното Обвинителство. Чекаме одговор од Венко Филипче, а чекаме и реакција од Јавното Обвинителство да го испита случајот“, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарското прашање.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски