(ВИДЕО) Стоилковски: Договорот од Нивици за Заев е веќе во сила, тој не смее да употреби Република Македонија

Од:

За Зоран Заев, Договорот од Нивици е веќе е во сила. Тој очигледно не смее да употреби Република Македонија, а наместо Солун, вели Тесалоники. И тоа среде Република Македонија на партиски митинг, пред македонски граѓани. Ова повеќе не се митинзи, ова е обид за континуирано перење на мозоците и бришење на се што потсетува на Македонија и нејзината историја, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Ниту Заев ниту неговата свита распослана во оваа брутална задача за бришење на колективната меморија и лажни убедувања, не ја кажуваат суштината заради која и го распишаа референдумот, а тоа е бришењето на македонскиот идентитет. Заев уште од сега го брише институционалниот идентитет, имињата на институциите преку кои граѓаните се идентификуваат и го црпат личниот идентитет како Македонци! Парите од буџетот се трошат за Заев да го рекламира Тесалоники наместо Солун! Заев во своите настапи не употребува Република Македонија, Заев не употребува Солун, Заев бега од одговор чие е Илинденското востание. Што е поголем доказ од ова дека се работи за капитулантски договор, во кој Членот 8 значи континуирано бришење и ревидирање на македонската историјата, археологија, образование, посебноста, континуитетот, рече Стоилковски.

Тој смета дека индиректно со употребата на Тесалоники наместо Солун Заев потврдувал оти согласно договорот, Грција ќе може да ја блокира интеграцијата во Европската Унија на секој иден чекор доколку не се сложиме на тоа дека сме, како што рече, народ без корен и држава без историја.

– Солун останува Солун за сите, за Србите, за Бугарите, само не за Заев, а по договорот ниту за Македонците меѓу кои многумина влечат директни корени од Солун и актуелниот северен дел на Хеленската Република. Власта која со сите можни злоупотреби кои сега на сила си ги стави на располагање, рекламира европски вредности, а никаде ја нема да одговори за она што е должна. Почитувани, нема иднина без минато, ниту интеграции со криминал и корупција. А ниту иднина ниту интеграции со капитулација. Европските вредности не се прашање на референдумот. Власта е должна вистински да одговори за прашањето кое го поставува пред вас, гласачите, да одговори за содржината и последиците од капитулантскиот договор. Се’ друго, е манипулација и злоупотреба за поткуп на вашето гласачко право, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он