(ВИДЕО) Стоилковски: Додека Заев ветува пари за печатени медиуми, четири новинари се физички нападнати

Од:

„Oва е црна недела за новинарите и за медиумите во Република Македонија. Оваа страховлада на Зоран Заев додека ветува пари за печатени медиуми, четири новинари се физички нападнати.

Вчеравечер физички се нападнати, тепани се тројца новинари, кои се познати по своите остри пера и јазици против заевизмот, криминалот и корупцијата на кланот на власт!

Нападот бил со јасна порака, изведен кукавички, без никаков повод или претходен контакт со напаѓачите, планиран со бројна надмоќност и со закани по живот од напаѓачите.

Пред неколку денови, физички е нападнат уште еден новинар, аналитичар, познавач на судските нереформи и критичар на спрегата меѓу кланот, судиите и обвинителите. МВР молчи за овој напад!“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа страховласт приведува новинари кои објавуваат корупција на министри. Овој страхосуд лови новинари кои објавиле точни информации. Оваа страховлада има тело и стратегија за како велат „лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ“!

Во оваа орвеловска атмосфера на Министерството за вистина предводена од Роберт Поповски, критички настроена новинарка објавува дека е пресретната и нападната од колега-пулен на власта, и сето тоа го документира со видео.

Уредник на медиуми, бард меѓу новинарите, откривач на скандалот „Рекет“, јавно соопштува дека е следен, а негов колега, миленик на оваа страховлада пишува како „сонува“ убиства и истечени мозоци.

Со поддршка без осуда од кланот на власта, новинар пишува закани кон лидерот на опозицијата, неговото семејство, децата.

Зоране Заев, прибери со ги гавазите!

Готов си, на 3-ти јануари си одиш, страховладата ти завршува на 12-ти април.

Собери си ги рацете од медиумите и од новинарите. Паниката и стравот од анкетите не ги истурај врз нив. Тие не ти се виновни за криминалот, за корупцијата и за насилството кое што го спроведуваш.

Владеење по теркот на Курто Дудуш едноставно не смее да се дозволи! Твојата осуда на ваквите инциденти не е доволна“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски