(ВИДЕО) Стоилковски: Дивоградбата на Шилегов видлива за сите, институциите се кријат

Од:

„Петре се крие, дивата надградба сама се открива! Ова се фотографии од семејната зграда на Петре Шилегов направени вчера. Тука најдобро се гледа линијата до каде бил кровот, се гледа линијата над до каде бил сртот, што е над тоа градено“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Реконструкција значи задржување на обемот, висината, ширината и должината на објектот. Ова тука е надградба. А за тоа Петре Шилегов нема дозвола. Надградба без дозвола е криминал!

Оваа фотографја покажува менување на габаритот на објектот, во споредба со неговите соседи од лево и од десно на зградата на Петре Шилегов. Распуканите ѕидови уште од сега, откриваат точни линии на стариот објект. Тоа покажува и можна промена на статиката на објектот. Наместо кровна конструкција- цел спрат! Тоа може да доведе до опасност по животот, на домашните, на соседите и на нивниот имот.

Но инспекторите молчат и се кријат. Ги нема на терен единствено кај градоначалникот на Скопје во заминување Петре Шилегов.

Инспекторите молчат, дивоградбата зборува сама за себе.

Шилегов без дозвола крена замок во Карпош, ја зголеми вредноста на зградата за 100тина илјади евра, се тоа со познати фирми, а никој, ама никој од надлежните не се заинтересира.

Списокот е долг, и секој ден се надополнува со оние кои што со молк и со дела стануваат алка во злосторничко здружување!

Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ