(ВИДЕО) Стоилковски: Ден Дончев јасно не демантираше дали го знае и дали контактирал со Зоран Милески Кичеец?

Од:

„Ден Дончев и Венко Филипче по кој знае кој пат се фатени во криминоген, коруптивен скандал и се уште се на функција и немаат абер од оставки за да остават вистинска истрагата за скандалот Рекет2. Октоподот на власт, исто како за Леонардо и за Рекет1, еве и за Рекет2 продолжува со притисоци кон медиуми и новинари.

Ниту Ден Дончев, ниту власта и институциите не одговорија, зошто Фондот на Дончев непречено соработува со компанијата за која тврдел пред странски инвеститор дека има криминал – компанија за која во тоа време нема ниту истрага ниту процес, ниту пак денес има докажан криминал? Дали зад намерата да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во струмичко?

Ден Дончев, директорот на ФЗОМ, јасно не демантираше дали го знае и дали контактирал со Зоран Милески Кичеец? Дали преку него требало да биде сопрена продажбата, за компанијата да биде продадена потоа на купувач по избор на Дончев и Октоподот на власт? Ако е ова точно, дали мотивот и за ова се месечни транши кај благајник со брада во струмичко?“, прашува Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дончев за случајот Рекет2, не негираше дека вршел притисок врз приватна компанија со уцена преку спречување на нејзина продажба на странски инвеститори. Дончев децидно не демантираше ниту злоупотреба и вмешаност на Управата за финансиско разузнавање за притисок врз приватната компанија.

Почитувани, во Рекет2, според поднесена кривична пријава, директор на Фондот за здравство Дончев, заедно со министерот Филипче, вршеле притисок врз странска компанија да не инвестира, да не купи македонска компанија, доколку Октоподот нема ќар од тоа. За притисокот врз договорот, за Рекет2, неминовно е запознаен и Зоран Заев. Ако не од Дончев и Филипче, од шведскиот амбасадор, кој што се знаел и разговарал со него! Ама Заев не го пријавува Рекет2 кај Рускоска! И овој пат нема порака „Многу си го обрал друже“.

Уште повеќе, кога планот на Дончев и на Филипче не успева, по 10 месеци, се злоупотребуваат институции како Управата за финансиско разузнавање и други институции за да биде казнета домашната компанија, казнета бидејќи цела година нема никаков резултат од истрагата, а бизнисмените не можат да ги плодат парите, бидејќи наводната истрага им ги замрзнува.

Си го бараат ли со тоа Ден Дончев и Венко Филипче рекетот? Дали изнуда на пари од директор на државен фонд и министер, а за тоа знае и премиер, не ги прави злосторничко здружување?

Рекет2 е продолжение на Рекет1, на Леонардо, на други случаи на висока корупција.

Рекетарскиот Октопод, злосторничкото здружување, е вмешано во секој сегмент од живеењето и финансиските трансакциите. Македонија е претворена во држава водена од криминалци кои што се претставуваат како бизнисмени, а бизнисмените живеат во страв од нов рекет испорачан од власта.

Затоа министерка за странски инвестиции не знае да наброи ниту ЕДНА странска инвестиција.

Македонија сведочи за серија корупција и рекетирања, државната мафија злоупотребува, тргува со правото, уценува и презема фирми. На тоа мора да му се стави крај, мора да има одговорност. А одговорноста ќе дојде кога ќе има вистинска правда.

Затоа се неминовни предвремени избори, за Македонија да биде држава каква што народот заслужува. Горда, исправена, силна и напредна“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024