(ВИДЕО) Стоилковски: Данела Арсовска да поднесе оставка, зошто пет недели трае јавниот повик ако не се точни наводите за договорена бугарска фирма?

Од:

„Зад хаосот во Скопје стои коалицијата Тачела, коалиција на Ковачевски и Арсовска, коалиција која што ги води институциите во градот. Затоа нема одговори на прашањата дали зад хаосот стои договор на коалицијата Тачела, бугарска фирма да го преземе превозот во Скопје, ниту пак има одговор дали се стигнати автобусите од Бугарија?“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема одговор ниту зошто и како е можно цели 5 недели да трае јавниот повик? Зошто 5 недели трае јавниот повик ако не се точни наводите за договорена бугарска фирма која што би требало да го преземе приватниот сообраќај во Скопје?

За работите да бидат појасни, ова е коалицијата против Скопје, а лепак се директорските плати и провизиите. Ќе почнам со ред:

-Александар Стојковски, директор на ЈСП од СДС;
-Зухјер Реџепи, Директор на ЈП Паркови и зеленило од ДУИ;
-Саид Саид, Директор на ЈП Улици и патишта од ДУИ;
-Снежана Стојчевска, директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци, од Левица;
-Антонио Димитров од Левица, Директор на КИЦ;
-Панче Велков од Левица, директор на Музеј на Град Скопје;
-Сенада Ибраимова од Левица, заменик директор на Градски паркинзи;
-Крсте Петровски од ГРОМ инаку и генерален секретар на партијата, директор на Градски паркинзи;
-Александар Трајановски од ГРОМ, заменик градоначалник на Град Скопје.

Веројатно сега се појасни позициите на определени партии кон хаосот, кон долговите, кон уништувањето, но и кон бегањето од одговори, небарањето од одговорност за состојбите и небарањето оставка од Данела Арсовска!

Затоа СДС не бара оставка од Арсовска. Затоа Левица не бара оставка од Арсовска. Затоа ДУИ не бара оставка од Арсовска. Затоа ГРОМ не бара оставка од Арсовска“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот