(ВИДЕО) Стоилковски: Дали претстои ревидирање на историјата со Договорот од Преспа?

Од:

Владата денеска префрли 80 милиони денари, или над еден милион и 300 илјади евра на сметка на Собранието исклучиво за спроведување на кампањата за референдум. Со тоа, со ваши пари, пари од буџетот, ќе се закупува медиумски простор во кој ќе се нудат лажни пораки, врз лажни тези, лажна надеж која воопшто нема да биде во релација на референдумот. Најмалку 767,5 илјади евра ќе бидат потрошени да ве уверат дека сега треба да се проголта капитулантскиот договор за да ни тргне економијата, за да се подобри здравството, реформира образованието, потпомогне земјоделието, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– А вистината е поинаква, во оваа кампања од милион и 300 илјади евра, нема да слушнете дека со капитулантскиот договор дека се уништува македонскиот инситутуционален идентитет. Дека се брише атрибутот, придавката од сите институции. Во оваа прескапа кампања нема да слушнете за Членот 8 од договорот кој предвидува формирање на комисија помеѓу двете држави Македонија и Грција за да се ревидира историјата, археологијата и образованието. Во кампањата нема да ви кажат дека согласно капитулантскиот договор Грција ќе ја има можноста да ја блокира интеграцијата во Европската Унија на секој иден чекор доколку Македонија не се сложи на тоа дека сме народ без корен, држава без историја. Затоа денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно ги повикува СДСМ и оние кои ќе трошат буџетски пари за кампања – дали со договорот го губиме инсититуционалниот идентитет што е компонента на националниот идентитет и дали со Членот 8 од договорот престои ревидирање на историјата, археологијата и културата, што е отворена врата за нова грчка блокада во секој момент на евентуалните преговори со ЕУ?, праша Стоилковски.

Според него, Заев и СДСМ сакаат да станеме народ без корен, држава без историја и народ без културно, историско и археолошко наследство.

– Заев се согласи на распродажбата на националните и државните интереси со само една единствена причина, да го покрие криминалот на картелот кој што го предводи. Ниту НАТО ниту ЕУ во своите клубови не сакаат криминалци, па затоа пред капитулацијата на Заев се нагласуваат и борбата со корупцијата по која оваа власт е најпозната, се нагласува партизацијата на администрацијата, се нагласува судството и правниот систем во канџите на лидерот на картелот во улога на некаков реформатор. Власта која со сите можни злоупотреби рекламира европски вредности е должна да одговори на вистинските прашања кои ги поставува пред вас, пред се за содржината на капитулантскиот договор. Се друго е злоупотреба за манипулација и поткуп на вашето гласачко право, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он