(ВИДЕО) Стоилковски: Дали и кога обвинителството би ја истражувало улогата на Зоран Заев во „Рекет“?

Од:

„Наместо истрага и расчистување на „Рекет“ – најголемиот мафијашко рекетарски скандал во Македонија, Јавното обвинителство се става во улога на заштитник на власта.

Наместо одговори – вербално или со дела – по прашањата за тоа дали и кои се „В.З., професорот, советникот, новинарот“ за кои што зборува јавноста, преку настапи во медиуми се загрозува доверливоста на сведочењата на обвинетите, само и само со цел заштита на власта во заминување“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секому му е јасно дека „Рекет“ не застанува на тројцата обвинети и дека спрегата на Зоран Заев со обвинителството во пупка ги кријат вистинските лица кои што стојат зад најголемата криминално – рекетарска афера, најголемото криминално здружување, државната мафија во Македонија!

По неколку дена од даден нов повеќечасовен исказ на првоосомничениот, по денови од јавните навестувања кои се главните луѓе во ова здружување, од обвинителството нема одговори, нема проширување на истрагата, има само обид за јавно чистење на имиња од власта!

Обвинителството и власта во заминување мора да одговорат:

Дали Бојан Јовановски во повеќечасовниот исказ кажал кои се луѓето кои што земале рекет?

Каде завршувале милионите? Колку милиони евра биле во игра?

Кој тоа му се заканувал и сакал да го ликвидира Боки 13?

Дали воопшто се презема нешто по основ на искажан страв од закани по живот на првоосомничениот?

Дали и кога обвинителството би ја истражувало улогата на Зоран Заев? Каде е одговорноста на луѓето на Зоран Заев но и на самиот Заев?

Што барала Радмила Шекеринска во домот на Бојан Јовановски?

Како е возможно телевизиски шоумен да договара бизнис за болници со министер за здравство во неговиот дом?

Однесувањето на обвинителството само дополнително ја потврдува спрегата со власта на Заев, и се’ повеќе наликува на периодот кога „Рекет“ се појави во јавноста, а на главните актери им беше оставан бришан простор за сокривање на доказите и влијаење на сведоците.

Обвинителството не смее да сокрива информации или да остава време за осомничените да го продолжат делото, да влијаат врз сведоци, или да избегаат! Ова е форма на здружување, опишана во членот 394 од Кривичниот Законик како злосторничко здружување, и за тоа мора да има одговори и мора да има одговорност!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски