Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски по изјавата, одговараше на новинарски прашања.
До каде се консултациите со пратеничката група во однос на делувањето на опозицијата околу Уставот, кога ќе влезе во Собранието?
– Консултациите се постојани и се во тек, она што не смее да биде нели изненадување и доведено до прашање тоа е спроведување на политики кои што ќе бидат спротивни на ова капитулантска политика, на ова девастирачка политика за Република Македонија, секако тие консултации се во насока како да се запре ова девастирање на државата и ова економско понижување, национално понижување, државно понижување на граѓаните на Република Македонија.
Се размислува ли за една пратеничка група откако овие 8-мина што гласаа за уставните измени и веќе ќе формираат нова пратеничка група?
– Видете, сметам дека делувањето на ВМРО како една и како неколку пратенички групи воопшто не прави разлика во однос на што треба да претставува политика на ВМРО-ДПМНЕ, политика на опозицијата на сето ова што и се случува на Република Македонија. Така што дали делувањето ќе биде како една пратеничка група или ќе биде како повеќе пратенички групи зависи од она како анализа колку ќе вроди со плод од делувањето на пратеничката група односно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе пратенички групи. Но сепак тоа нема да влијае во насока на она што се вели политика и поставеност на ВМРО-ДПМНЕ, на опозицијата во парламентот.
Постои ли можност да поднесете свои амандмани на Уставот?
– Како што реков се она што се размислува и се она што се презема и се она што ќе се преземе во ВМРО-ДПМНЕ е во насока на спречување на оваа капитулантска власт за понатамошно девластирање на Република Македонија и економско уништување на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија.
Најавивте дека ќе го поднесете Законот за амнестија во понеделник. Вчера СДСМ изјави дека нема да го подржи. Кој е вашиот став?
– Како што и вчера од ова исто место посочив, доколку предлогот за амнестирање на нашите инволвирани во случувањето од 27-ми април на еден брз начин, во една брза постапка во Собранието ќе значи само едно дека оваа капитулантска власт сака да спроведе само една селективна правда, една селективна неправда, една играрија со правото само во насока на задоволување на оние пратеници коишто прифатија поданички да ги подржат капитулантските политики коишто произлегуваат од еден ништовен договор потпишан во Преспа, одговори Стоилковски.