(ВИДЕО) Стоилковски: Аболицираните криминалци не се и не може никогаш да станат европска вредност

Од:

„Криминалот на власта и картелот на Зоран Заев не смее да се покриваат со распродажба на националните интереси.

Аболицирани криминалци не се и не може никогаш да станат европска вредност. Македонија нема да стане членка на ЕУ се додека не биде санкциониран рекетот по принцип “евро за Вицето – евро за црквата”. Македонија не е , ниту смее да стане уште едно евро за поктусурување во матните зделки на Заеви.

Северните социјалдемократи, спротивно на волјата искажана на гласачите, во парламентот насилно и со мафијашки методи го газат уставот со насилен процес за менување на уставното име, историјата, културата, наследството, идентитетот на македонскиот народ“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска до седиштето на Севернитесоцијалдемократи, носиме копија од Извештајот на конечниот резултат од референдумот на 30 септември објавен во Службен весник 2018 година , каде стои дека одлуката за прифаќање на Договорот од Преспа за натамошни евроинтеграции не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Тоа значи дека повеќе од половината гласачи, и покрај поткупот, уцените, заканите и манипулациите, го отфрлиле капитулантскиот договор. Во таков случај, според Уставот, власта мораше, потенцирам МОРАШЕ, да го напушти договорот и заради пропаста на нејзината политика, да распише избори.

Се после 30 септември- е дополнително силување на демократијата, силување на граѓаните, силување на државата. Моментното премолченото одобрување од мнозинството на социјалдемократите и од стручната јавност, веројатно предизвикани од страв и уцени, наскоро ќе стане претешко петно, кое ќе се зголемува со секое договорено бришење на историјата и преименување на македонските институции. Тоа државата нема да може да го издржи, а одговорноста ќе биде нивна.

Почитувани, доста е. Македонија не заслужила да биде владеена од криминалени мафијашки кланови и на ваков начин да се носат политички одлуки. Доста е од распродажба на државата- и на интересите, и на минатото и на иднината. Единствен раст во економијата има во компаниите на кланот. Општеството тоне економски духовно политички семејно; а главни вредности станаа лоповлукот, корупцијата, насилството, уцените, продажба на образот, понижување на пратеници и собранието, газењето на уставот и законите! Ниедна институција не работи, сите пари се потрошени, работниците се доведени во безизлез. Општеството се згрозува од селективна судска неправда преку диригирани политички пресуди. Главен реформатор на правосудството е аболициран и помилуван човек снимен како бара едно евро за метар квадратен државна земја. А сега-сега истиот прифати се од уцените за капитулантскиот договор.

Сето ова не е и не може да биде европски, западни, човечки вредности. Нив – почнувајќи од правото и правдата и почитувањето на човековото достоинство- не може да ги спроведе држава водена од мафијашки клан. Македонија не заслужува да биде згазена од капитулантска власт за една намена“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира