ВИДЕО: Сто метри висок хотел во Градски парк – урбаната мафија не мирува

Од:

На местото на бараките во кои е сместен Град Скопје, владата планира да гради сто метри висок хотел, откри денеска градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Тој кажа дека ова е втор “Кинески ѕид“ во паркот, но пет пати повисок од тој кај градскиот стадион, кој е висок 20 метри.

Жерновски појасни дека ова земјиште е на општина Центар, но владата не и го отстапила и покрај тоа што било побарано и сега планира да гради објект од посебен интерес, односно хотел со висина од сто метри.

„Во понеделникот откривме дека за актуелната власт, градби од посебен интерес се обични станбени згради. Сега ќе видите дека со задоволување на апетитите на криминалната Влада на Груевски, градби од посебен интерес се и луксузни хотели. На 21. јули, во текот на летните одмори, Владата донела одлука дека земјиштето позади нас, на кое се наоѓаат бараките на Град Скопје, се прогласува како земјиште за градби од посебен интерес.

По истиот криминален метод како со парцелите на ПУИГ, Владата си ја присвојува оваа атрактивна парцела во паркот со димензија од 218 метри должина и 28 метри ширина. Целиот овој потег не се ни догледува од ова место. Внимавајте, на оваа парцела е предвидена градба од посебен интерес – Хотелски комлпекс, означен со маркица Б4. Повторно го прашувам Груевски, чиј посебен интерес е хотелскиот комплекс кој го планира тука? Дали е тоа од општ интерес на граѓаните на Скопје или на градежната мафија, која тој ја контролира? Нашите информации говорат дека на ова земјиште се подготвува, не обичен хотел, туку градба долга и робусна како Кинески ѕид.

Го повикувам Груевски веднаш да одговори, дали е точно дека на овие 6104 м2 се планира хотел висок 30 ката и долг повеќе од 100 метри

Господине Груевски, дали сте воопшто свесен какви последици би имала оваа градба по здравјето на граѓаните? Господине Груевски, дали сте свесен дека заради вашата лакомост ваквата градба ќе го засени паркот, ќе го сопре природното струење на водухот и ќе го уништи целиот концепт на овој дел од градот? Дали криминалните бизнис апетити се поважни од здравјето на луѓето“, праша Жерновски.

Тој кажа дека ова што се случува во општина Центар веќе не е проблем само на центарци, туку на сите граѓани на Скопје и пошироко.

„Овој парк го носи името Градски Парк и со ваква градба би бил целосно уништен, да не речам, неупотреблив. Дополнително, деновиве до нас пристигна и документација која потврдува дека на идентичен начин Владата присвоила и други земјишта на територија на општина Центар. Ќе ги објавиме овие податоци, но како што тргнал Груевски, очигледно планира да го одземе целото земјиште на општината преку класичен криминал и незаконски одлуки. Јас како градоначалник на Центар, ќе направам се’ за да го спречам ова.

Му порачувам на Груевски дека отворивме војна против него и градежната мафија, против сите кои сакаат да профитираат буквално на семтка на здравјето на граѓаните. Покрај инстутиционалната борба што ќе ја водиме како општина, повикувам на масовен граѓански отпор против ваквото градежно насилие на власта. Ова мора да прекине и овие градби не смее да се градат. Утре е закажана првата средба со невладините организации и граѓаните на која ќе се договориме како и преку кои механизми ќе се спротиставиме на овие незаконски и криминални одлуки“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории