ВИДЕО: Стипендии, медијатори, инфраструктурни проекти за поддршка на Ромите, дел од активностите на Ахмедовски

Од:

Утре истекува рокот за пријавувањето на Конкурсот за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во учебната 2018/2019 година. На конкурсот годинава е предвидено да се доделат 880 стипендии.

Ова го посочи министерот задолежн за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 година Аксел Ахмедовски како една од активностите што се спроведува во изминатата една година откако ја презел оваа функција.

Предвидените средства за оваа намена се 10 милиони и 980 илјади денари. Минатата година биле предвидени 752, а доделени 736 стипендии.

Во насока на подобрување на опфатот во образованието, а во рамки на Статегијата, министерот информира дека се ангажирани 16 образовни медијатори во основното образование од 20 општини каде има поголема проценутална застапеност на ромско население. Најави дека ангажманот дополнително ќе биде зголемен за наредната година со уште 10 образовани медијатори.

Три милиони денари, како што информира, од Владата ќе бидат обезбедени за мерки што ќе ги спроведат општините предвидени во рамки на нивните локални акциски планови.

На прес-конференцијата напомена повеќе реализирани и проекти во тек за активности поврзани со вработување, домување, обрзование и здравство на Ромите.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски