(ВИДЕО) Стевановиќ: Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата

Од:

Поминаа две недели од изборната кампања, а граѓаните видоа дека Силјановска нема план, а нема ниту свој став, таа е продолжена рака на Христијан Мицкоски. Тој и ја води кампањата, тој одлучува. Од друга страна, се покажа дека Стево Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата. Човек без ниту една дамка за време на неговиот мандат и без ниту една грешна одлука, изјави Милена Стевановиќ, членка на ИО на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1.

– Глас за Стево Пендаровски и СДСМ е глас за сигурна, европска иднина. Глас за Силјановска и ДПМНЕ е глас за враќање назад во изолација и неизвесност. На Македонија не и треба реприза на Иванов, претседател – партиски послушник кој наместо гласот на народот ќе ја слуша само Белата палата. На Македонија и на граѓаните им треба вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата. Граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард. Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност туку напредок и членство во ЕУ – нагласи Стевановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Стевановиќ: Болничарката од Инфективна од денеска го прима лекот против конго-кримска треска

A1on

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ станува дел од Извршниот одбор на СДСМ

A1on