(ВИДЕО) Стефановски: Над 100.000 граѓани живеат со 50 денари на ден и немаат за леб, а Заев троши милиони за кондоми

Од:

„Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а немаат ниту за леб, а Заев дава неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти.

Набавка на 187.000 кондоми и 50.000 лубриканти на државна сметка во време на огромна сиромаштија и страшна пандемија е класично расипништво и расфрлање со нашите пари.

Владата ќе потроши неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, а нема ниту денар за компјутери или брз интернет за децата кои ќе мора наставата да ја следат од дома, а кои дел од нив немаат за компјутери, а дел немаат брз интернет. Но секако тоа не е важно за власта, бидејќи изборите поминаа, а со тоа и потребата да се покаже грижа за народот исто така“, рече Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Функционерите во зградата зад мене мислат дека си обезбедиле четири години мандат, со високи плати, големи привилегии и моќ, и со тоа автоматски можат да прават што сакаат.

Имаат пари да одвојат неколку милиони за кондоми и лубриканти, а немаа ниту денар четири години наназад да направат нов студентски град, ниту пак да реновираат или доградат некој од постоечките домови.

Милиони се даваат за кондоми и лубриканти, а дел од учениците како од основните, така и средните училишта немаат учебници, ниту електронски, ниту печатени.

Владата е расипничка и не се грижи за нас учениците, студентите, граѓаните воопшто.

40.000 наши сограѓани останаа без работа поради пандемијата од коронавирусот и неспособноста на власта да ги зачува нивните работни места. Тоа се 40.000 граѓани, односно наши родители, браќа, сестри, познаници.

Во 40.000 семејства мака се мачи како да се помине месецот, а некои деца страдаат за леб, а Зоран Заев нема проблем наместо да им помогне да даде неколку милиони денари за кондоми и лубриканти.

Во Македонија имаме 17 илјади заболени од коронавирусот до сега, во ек на пандемија фалеа маски, ракавици и дезинфициенси, а немаше ниту тестови па се примаа донации, а владата дава милиони за кондоми и лубриканти.

Мафијата троши на кондоми, а народот нема за леб. Ова лудило мора да запре“, изјави Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”