(ВИДЕО) Стефаноски: Спасовски продолжува незаконски да ги распоредува и унапредува партиските послушници во пресрет на изборите

Од:

„СДС е во паника. Знаат дека граѓаните ја прочитаа нивната деструктивност и неспособност и мислат дека ќе се спасат преку злоупотреба на државните институции. За СДС не постои одвоеност меѓу државата и партијата. Се кршат закони и партиски се злоупотребуваат сите ресурси.

Партизираноста на Министерството за внатрешни работи, поставувањето на нестручни кадри кои поседуваат партиска книшка на СДС, резултира со сериозни инциденти во кампањата.

Оливер Спасовски продолжува незаконски да ги распоредува и унапредува партиските послушници во пресрет на изборите.

СДС ги губи изборите и во Гевгелија. Затоа Спасовски е во паника и носи решенија спротивни на закон за са ги задоволи партиските послушници. Со издавање на „писмени наредби“ со важност од 30 дена во екот на предизборната кампања, на само 4 дена до изборите, се унапредени и разрешени полициски службеници по неколку скалила од системот на кариера.

Ова претставува еклатантен пример за злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, во текот на вчерашниот ден, направени се измени во ПС Гевгелија, каде што за командир е назначен Миле Ангелков, за заменик командир – Пепи Еленски, за началник на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е поставен Гоце Петров и за сменоводител – Перо Василевски.

Ова е беззаконие и за ваквите предизборни партиски комбинаторики ќе следи одговорност.

Би сакале да ги предупредиме послушниците на Оливер Спасовски и него самиот дека правната држава ќе се врати откако Заев ќе замине од власт. Тогаш сите ќе одговараат за криминалот што го сториле. Документирани се сите злоупотреби на службени возила, а пристигнуваат бројни информации дека полициски службеници наместо да се на работното место, по налог на потпретседателот на СДС агитираат меѓу граѓаните. Нивните признанија и изјави можеби ќе ја намалат одговорноста, но одговорност ќе има.

После 15-ти октомври ќе се врати правната држава и секој ќе одговара за злоупотребите што ги сторил“, изјави Милан Стефаноски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус