(ВИДЕО) Ставриќ: На секој акт на насилство, соодветно ќе одговориме

Од:

Дејан Ставриќ, претседател на самостојниот синдикат на Клинички центар пред стотиците лекари на денешниот протест пред Министерството за здравство порача дека денеска е убав ден и видливоста е добра, па се надева дека конечно ќе бидат забележани „невидливите лекари“.

За отворените навреди и закани од министерот Тодоров порача дека се упатени на погрешна адреса.

„Овде се присутини доктори, нема партии, нема политика, ова е штрајк на докторите, за заштита на нашите права и професија и заштитата на здравјето на пацинетите.

– Вчера слушнавме многу лаги. Со заканите за некакви санкции, Тодоров или покажува непознавање на законите зашто не постојат такви членови или пак покажува дека ќе се стави самиот над законот за внатрешни работи и за судството и самиот ќе дели правда.

– Секој таков акт ќе го сметаме за акт на насилтво и соодветно ќе одговориме.Хипократовата заклетва која министерот милува да ја спомнува е морален кодекс на кој сите сме заветени и работиме така, некои тука и со поголем стаж од возраста на министерот.

– Обвинувањата за нехуман однос кон пацинетите министерот може да ги упати на самиот себе, не кон нас. Игнорирањето на овој штрајк е игнорирање на пацинетите.

– За секоја изречена лага ќе следи судска раврска, за секоја правно неоснована и закината плата ќе следуваат тужби. За да не дојде до тоа, Тодоров јавно да се извини на лекарите, на здравствените работници, а воедно и на пациентите.

– За жал како воспитани и чесни го почутвавме на почетокот, но не предаде и не изневери, и нас и пацинетите. Не сме политички мотивирани, туку лекари кои се исклучително за овој народ“, рече Ставриќ.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара