ВИДЕО: Старо дрво падна врз бараки во Скопје, за влакно избегната трагедија

Од:

Дрво старо повеќе сто години, во близина на Министерството за внатрешни работи падна врз неколку куќи додека во нив имало луѓе. Од падот на дрвото нема повредени, но нанесена е голема материјална штета во и надвор од куќите.

– Седевме дома и одеднаш слушнавме нешто како земјотрес. Дрвото падна врз нашата и куќата на соседите. За среќа нема жртви и повредени од падот на дрвото, но куќите ни се доста оштетени, вели за А1он Хасан Џафер, сопственик на една од срушените куќи.

Оштетените неколку пати го пријавувале проблемот со дрвото кое веќе било навалено врз нивните куќи за ЈП „Паркови и зеленило“ да преземе конкретни мерки односно да го отстрани дрвото од дворот на напуштените бараки на геолошкиот завод.

– Соседите повеќе пати пријавија во „Паркови и зеленило“ да дојдат да го исечат дрвото затоа што е старо и се знаеше дека доколу не се исече ќе падне, но од претпријатието не преземаа никакви мерки. Не лажеа дека ќе дојдат но не дојдоа, секогаш наоѓаа оправдување. Среќа при падот нема повредени, вели Џафер.

Елза Саитовска, која живее во другата куќа која сега речиси и ја нема не сакаше да говори пред камерата на А1он, но рече дека во 2014 година добиле решение за сечење на дрвото, но од „Паркови и зеленило“ не дошле да го сторат тоа велејќи дека немаат опрема и услови за сечење на дрвото старо повеќе од 100 години.

Саитовска и Џафер најавија дека ќе поднесат тужба до надлежниот суд против ЈП „Паркови и зеленило“ бидејќи сметаат дека тие се виновни што заедно со нивните семејства останале без кров над глава.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош