(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Од:

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, продолжува да ја презентира својата јасна визија: враќање на стариот сјај на Старата скопска чаршија и претворање во симбол на иднината на градот. Денеска преку видео објавено на својот официјален профил на Фејсбук, Османи го посети еден занаетчиски дуќан и упати силна порака до граѓаните.

„Чаршијата не е само пазар, таа е душата на Скопје. Таа е сведоштво на вековна традиција, на занаети што се пренесуваат од генерација на генерација и на духот што нè поврзува сите,“ рече Османи.

Во визијата што ја претстави, тој подвлече дека секој нов дуќан со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка.

– Мајсторите и чираците кои го продолжуваат занаетот ќе бидат стипендирани. Производите што ќе се создаваат таму ќе го носат печатот „Made in Çarshi – направено во чаршијата на Скопје. Сакам производот од чаршијата, кога ќе се појави во Швајцарија или било каде во светот, да го носи печатот ’Made in Çarshi’. Тоа е печат на автентичност, на историја и на иднина, нагласи Османи.

Тој јасно порача дека во чаршијата нема место за брза храна и комерцијални содржини кои го нарушуваат духот на просторот. Таму ќе има само традиционална храна, стари занаети и чисти улици кои ќе го вратат изгубениот сјај.

„Нашата чаршија е нашата гордост. Таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој. Тоа е темелот врз кој ќе ја изградиме иднината на Чаир и на Скопје,“ порача Османи.

Би можело да ве интересира

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите