(ВИДЕО) Станкоска: Хаосот со исплатата на породилните надоместоци продолжува

Од:

На денешната прес-конференција, членката на Централниот комитет на Левица, Евгенија Станкоска, предупреди дека и покрај бројните јавни реакции и ветувањата дека проблемот ќе биде надминат, хаосот со исплатата на породилните надоместоци продолжува.

Станкоска истакна дека до Левица во изминатите денови повторно пристигнале бројни сведоштва од родилки кои потврдуваат дека дел од нив не добиле никаква исплата, дел добиле само дел од средствата што законски им следуваат, а дел сè уште немаат никаква информација кога ќе им биде извршена исплатата.

Посебен акцент беше ставен на жените кои се на боледување поради патолошка бременост. Според Левица, станува збор за жени со сериозни здравствени компликации и дополнителни трошоци, кои токму во периодот кога финансиската сигурност им е најпотребна, остануваат без приход со месеци.

На прес-конференцијата беше нагласено дека породилниот надоместок не претставува владина помош, туку законско право кое произлегува од работниот однос и од придонесите што работничките со години ги уплаќаат во системот.

Левица оцени дека новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, не успеал да стави крај на проблемот, додека министерот за здравство Сашо Клековски не може да се дистанцира од одговорноста, имајќи предвид дека до неодамна ја извршуваше функцијата директор на Фондот.

На крајот од прес-конференцијата, Левица побара:

– итна исплата на сите заостанати породилни надоместоци;
јавно објаснување за делумните исплати;

– воспоставување јасни и фиксни рокови за исплата на породилните надоместоци;

– Фондот за здравствено осигурување да престане да ја префрла одговорноста и конечно да го реши проблемот.

Од партијата порачаа дека односот кон мајките не се покажува со декларативни повици за повисок наталитет, туку преку навремено исполнување на законските обврски кон родилките.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски