(ВИДЕО) Станивуковиќ: Град Скопје и Општина Карпош реконструираат клучни сообраќајници во општината

Од:

„Во тековниот период се одвиваат интензивни градежни активности за реконструкција на клучните сообраќајници во општина Карпош.

Само на оваа локација целосно се реконструираат три значајни сообраќајници. Веќе привршува реконтсрукцијата на булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улица „Лондонска“, рече Владимир Станивуковиќ, советник во Совет на општина Карпош.

„Вчера започна реконструкцијата на улицата „Московска“ кадешто ќе се реконструира коловозот во вкупна должина од 690 метри и се очекува процесот да заврши за најмногу 20 дена.

Претходно,во рекорден период од 20 дена, целосно е реконструирана улицата „Љубљанска“ којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот.

По реконструкцијата на коловозот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги реконструираат и тротоарите по должината на улицата, а исто така, ќе се подигне и ново зеленило.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев остануваат целосно посветени на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Карпош.

Градиме по план, низ конкретни примери покажуваме што значи вистинска грижа за нашиот град“, изјави Владимир Станивуковиќ, советник во Совет на општина Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов