(ВИДЕО) Стаменковска: СДС е партијата која го започна и спроведе процесот на приватизација на скопска Топлификација

Од:

„Во исто време кога СДС лаже дека ќе понуделе чист воздух, ќе се потсетиме дека тие го приватизираа најголемиот загадувач во Скопје топлификација.

СДС отсекогаш првенствено се воделе од интересите на бизнис клановите и нивното лично богатење и профит, а никогаш од интересите и вистинските потреби на граѓаните.

Така било со СДС во минатото така е и сега.

Токму СДС е партијата која го започна и спроведе процесот на приватизација на скопска Топлификација, со што се нанесоа сериозни штети на интересите на граѓаните на Скопје.

Граѓаните добро се сеќаваат како СДС во минатото на крајно сомнителен и нетранспарентен начин ја приватизираше Топлификација, со што граѓаните на Скопје наместо подобри услуги, добија само повисоки сметки за парно.

Парите кои ги заработуваше оваа претпријатие, наместо да завршат во државна каса, каде ќе беа реинвестирани во нови градинки, нови училишта, болници, со неговата приватизација, завршија во приватни џебови.

Желбата за повеќе пари и моќ и интересите на криминалните-бизнис структури ја тера СДС да ги приватизира и оние малкуте фирми, кои останаа не приватизирани во време на транзицијата.

Граѓаните ваквото сценарио на оваа ненародна власт предводена од СДС и Зоран Заев нема да му го дозволат. За ваквиот начин на управување со државата одговорност мора да има. Почетната демонтажа, ќе почне на 15-ти октомври. СДС ќе биде казнет од граѓаните и жестоко поразен на овие локални избори“, изјави Невенка Стаменковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат