(ВИДЕО) Стајн: Невообичаено е што нема процесирани корупциски случаи

Од:

Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека сакаат да видат дека антикорупциската комисија има доволно ресурси и персонал за да може активно да го исполни мандатот и да се бори со корупцијата.

„На пример нема доволно случаи кои стигнале до обвинителството и нема случи кои се процесирани, а се однесуваат на корупција што е невообичаено во споредба земјите од регионот“, вели Стајн.

Според него Антикорупциската комисија нема можеби доволно ресурси, буџетски ресурси и доволно персонал за да може целосно да го исполни мандатот.

„Ние ќе продолжиме со помошта, со нашите владини партнери, со граѓанското општество, со медиумите, со судството“, одговара на прашањето дали политичката криза во Македонија ќе влијае врз соработката на УСАИД со институциите во земјава .

За него разочарувачко е рангирањето на Македонија во однос на слободата на медиумите.

„Се разбира дека сакаме да видиме подобрување на тие рангирања. Ние сметаме дека независноста на медиумите е многу важна, тоа е основа на плуралното демократско општество. Слободата на изразување во САД е првиот амандман во Уставот со кој се штити слободата на изразувањето. Очигледно е дека ние сметаме дека е многу важно граѓаните да имаат пристап до различни мислења, да можат сами да донесат заклучоци во врска со настани и она што се случува. Така што важно е, ние како УСАИД имаме проекти за медиуми за поддршка на разни медиумски организации, имаме програма што подржува истражувачко новинарство, за кое мислиме дека е многу важно за сите влади и овде и во останатите земји каде што работиме даваме поддршка на веб страна која служи како сервис за проверка на факти, кој анализира извештаи, споредува со меѓународно прифатени стандарди во новинарството и посочува на што треба да се работи за да се подобрат извештаите. Ние поддржавме организација која ја разгледуваше законската рамка за медиумите и новинарите, да им помогне да се зајакне колку што е можно повеќе таа законска рамка, да ја заштити независноста на медиумите, слободата на изразување и работата на новинарите“, вели директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски